Меланија Трамп врбуваше за својот сопруг од Белата куќа | Свет | DW | 26.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Меланија Трамп врбуваше за својот сопруг од Белата куќа

Досега, настапите во предизборна кампања во Белата куќа беа табу. Но, Трамп раскинува со оваа традиција. Уште пред неговиот номинациски говор оттаму на републиканската конвенција се обрати неговата сопруга Меланија.

Првата дама на САД, Меланија Трамп, од градината на розите во Белата куќа одржа говор на изборната конвенција на Републиканската партија, кој беше пренесуван  во живо преку видео линк силно се заложи за втор мандат на нејзиниот сопруг. 

„Претседателот Доналд Трамп е автентична личност, која ја сака оваа земја и нејзините луѓе“, рече првата дама додавајќи:  „Верувам дека ни треба раководството на мојот сопруг сега повеќе од кога и да било“.

Освен тоа Меланија Трамп во својот говор се заложи за расно единство и ги повика Американците да престанат да прават претпоставки врз основа на расата и критички се осврна кон американската историја.

„Како и сите вие размислував за расните немири во нашата земја. Груба е реалноста дека не сме горди на дел од нашата историја. Ве поттикнувам да се насочите кон иднината додека и натаму учите од минатото“, рече таа.

Повеќе:

-Меланија Трамп наполни 50 години: Влијанието на првата дама зад кулисите

-Трката за Белата куќа ни оддалеку не е одлучена

-Идеја за одлагање на изборите: Трамп стартува нов степен на ескалација

Меланија Трамп која обично избегнува да биде во центарот на вниманието го одржа својот говор во градината на Белата куќа пред малубројна публика во која беа нејзиниот сопруг, потпретседателот на САД и неговата сопруга и нејзините родители.„Запрете ги насилството и кражбите“, додаде Меланија Трамп додека протестите продолжуваат поради пукањето на полицијата во Винсконсин.

Првата дама која обично се држи далеку од фокусот на јавноста во својот синоќешен говор настојуваше да ги избегне грешките кои го нарушија нејзиниот уводно обраќање до нацијата кога Трамп беше избран за претседател во 2016 година.

На републиканската конвенција вчера нејзиниот сопруг Доналд Трамп и официјално беше номиниран за нивен претседателски кандидат, за втор мандат на изборите во ноември. Негов ривал ќе биде демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден. По сегашните анкети Трамп се наоѓа зад Бајден.

Меланија Трамп го искористи своетовчерашно обраќање да укаже на тоа дека ја разбира болката поради загубените животи и на погодените семејства поради панденмијата на коронавирусот. Овој пристап се разликуваше од другите говорници на републиканската конвенција кои за пандемијата зборуваа како за успешно победен предизвик.

„Сакам да знаете дека не сте сами“, им порача таа на десетици илјади погодени семејства.

Над 177.000 Американци починаа од Ковид-19. Таа вети оти помош пристигнува од одлучниот претседател Доналд Трамп.„Администрацијата на мојот сопруг нема да запре да се бори сѐ дека не се пронајде ефикасен третман или вакцина достапна за сите. Доналд нема да запре дека не стори сѐ што може да го згрижи секој погоден од оваа ужасна пандемија“, рече Меланија Трамп со зборови кои беа многу поблаги од многумина кои пред неа зборуваа на републиканската конвенција.Донал Трамп ќе се обрати последната вечер од конвенцијата во четврток.

 

Реклама