1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мексико: Воведен специјален данок за брзата храна

ЕМФ/дв1 ноември 2013

Во Мексико е донесена одлука за специјален данок на брзата храна со цел борбата против дебелината да биде поефикасна. Претседателот Нието бара од сограѓаните да се занимаваат повеќе со спорт.

https://p.dw.com/p/1AA4E
Фотографија: dreamer12 - Fotolia.com

Мексиканскиот претседател Енрике Нието оцени дека во Мексико владее „вистина епидемија на дебелина“. Тој најави низа мерки за да се намали телесната тежина на Мексиканците, како воспитни иницијативи, нови прописи за етикетирање на производите и спортски програми.

Освен тоа, во земјата се воведува казнен данок за брзата храна. На животните намирници кои имаат повеќе од 275 калории на 100 грама, од почетокот на 2014 година ќе се воведе специјален данок од 8 проценти. Конгресот даде зелено светло за ваков данок, кој е дел од даночната реформа во земјата.

Mexiko Präsident Enrique Pena Nieto
Претседателот Нието бара од Мексиканците да се занимаваат со спортФотографија: Reuters

Лошата исхрана и недоволното движење од Мексиканците направија нација која има повеќе дебели луѓе отколку САД. Во Мексико 70 проценти од возрасните и 30 проценти од децата важат како дебели. Речиси секој десетти Мексиканец боледува од дијабетис.