Медиумските работници критикуваат за неправилно укинување на А1 | Македонија | DW | 31.07.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Медиумските работници критикуваат за неправилно укинување на А1

Начинот на кој АЕК ја укина фреквенцијата на телевизија А1 претставува груба повреда на Законот за радиодифузната дејност и на надлежностите на Советот за радиодифузија, реагираат од ЗНМ, МИМ и Новинарскиот синдикат.

default

„Укинувањето на фреквенцијата е направено без одлука за одземање на дозволата на А1 од страна на Советот за радиодифузија, кое е единственото тело надлежно за спроведување на Законот за радиодифузната дејност. Согласно членот 55 од овој Закон, одобрението за користење фреквенции, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) го издава само врз основа на одлука за доделување дозвола за радиодифузна дејност, од што јасно произлегува дека АЕК не може своеволно да го одземе ова одобрение без акт на Советот за радиодифузија“, се вели во заедничкото соопштение на Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт за медиуми и Новинарскиот синдикат.

Тие нагласуваат дека ваквата повреда на законската постапка е спротивна на Препораката 2000 (23) на Советот на Европа за независните регулаторни тела во

Rundfunkrat Mazedoniens

радиодифузијата, според која овие тела се единствено надлежни за доделување и одземање на дозволите на радиодифузерите, а фреквенцијата на која зрачи радиодифузерот е само технички аспект на дозволата со кој се овозможува емитувањето на програмата.

„Ваквиот преседан сериозно ја загрозува слободата на изразувањето, независноста на медиумите и независноста на регулаторното тело во радиодифузијата. Суспендирана е правната држава и владеењето на правото, со што се поставува модел на однесување според кој дозволите за работа на радиодифузерите и во иднина можат да бидат одземени без да се почитуваат процедурите, законот и меѓународните стандарди“, се вели во соопштението.

ЗНМ, МИМ и Синдикатот на новинари и медиумски работници бараат Советот за радиoдифузија итно да се произнесе за настанатата ситуација и „ да престане со тактизирање и со пролонгирање на своите постапувања, и сериозно да се заложи за спроведување на Законот за радиодифузната дејност“. „Во спротивно, регулаторно тело кое не може да го спроведува Законот и да ја заштити независноста на медиумите никому не му користи и прашање е зошто воопшто постои“, реагираат тие.

Критика од СДСМ

Згаснувањето на телевизијата А1, која постои 18 години, преставува еден од најтешките удари за македонската демократија, рече денеска Емилијан Станковиќ, портпарол на СДСМ. Тој обвини дека згаснувањето на А1 нема врска со расчистување на евентуален криминал, туку преставува гола, брутална пресметка на премиерот Никола Груевски со критички настроените медиуми, бидејќи како што рече „доколку во А1 навистина има криминал, Груевски тоа можеше да го расчистува и без да ја затвори телевизијата“.

Реакција на владејачката партија

Не е добро кој било субјект да промовира непочитување на законот како што тоа го денес го прави СДСМ. Според СДСМ во државата постојат два типа на граѓани и фирми, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Едните кои го почитуваат законот, ги плаќаат своите даноци и за долгови
многу пати помали од 30 милиони евра одат во стечај, и од другата страна се
партиско медиумските коалициони партнери на СДСМ, за кои законите според
СДСМ не треба да важат“, се вели во нивната реакција на соопштението од
СДСМ, во кое СДСМ го осудуваат згаснувањето на А1 ТВ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, доколку СДСМ го плателе својот долг на А1 направен за
парламентарните избори во 2011, можеби телевизијата немало да оди во стечај.
„Потсетуваме дека според информациите кои веднаш после изборите ги соопшти
СРД, кој го води Зоран Стефановски партиски кадар на СДСМ, дека токму СДСМ
е еден од најголемите должници на А1 телевизија“, се вели во реакцијата на
ВМРО-ДПМНЕ.

Автор: АТ/ СН/ макфакс

Редактор: Симе Недевски

DW.COM