1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фотографија: picture-alliance/dpa

Мајките од Сребреница и натаму ќе бараат правда

Коментар: Бенјамин Парган/Превод: Жана Ацеска
17 јули 2014

Одлуката на холандскиот суд според која Холандија е соодговорна за смртта на над 300 муслимани во Сребреница е правилна, тоа е доказ за колективното потфрлување на Европа во 1995 година, смета Бенјамин Парган.

https://p.dw.com/p/1CeLr

Иако еден холандски суд уште пред три години донесе слична пресуда, а најновата се‘уште не е правосилна, се работи за историски ден. Оваа пресуда е уште еден доказ за колективното потфрлување на западна Европа во летото 1995 година. Ова е судски потврдена соодговорност за најголемиот геноцид во Европа по крајот на Втората светска војна.

Да, холандските сини шлемови носат директна одговорност барем за луѓето кои во јули 1995 година од холандската база биле директно предадени во рацете на војниците на Ратко Младиќ. Неславното однесување на холандскиот батаљон на ОН најде потврда во многу извештаи. Погрешна проценка и огромно потфрлување на офицерите, нивната воена арогантност, пропустите во комуникацијата и демонстративна неактивност, сето тоа е прецизно и детално наведено.

Па сепак, холандската влада уште во 2003 година си припиша себе си ослободителна пресуда, Не е можно земјата да е виновна за масакрот во Сребреница, тврдеше тогашниот холандски премиер Балкененде. Таквите настапи беа и останаа скандалозни. Тие се шлаканица во лицето на преживеаните членови на семејствата на жртвите од Сребреница. Некои од мајките уште ги бараат коските на своите деца или мажи, кои холандските војници од својата база во заштитената зона Сребреница директно им ги израчија на крвниците на генерал Ратко Младиќ. Многу војници од холандскиот батаљон вредно помагаа во одвојувањето на мажите од жените, иако во тој момент беше јасно дека мажите и момчињата ќе бидат депортирани и убиени. Тоа што некои од холандските војници со години го премолчуваа масакрот, иако беа негови сведоци, на целата приказна и‘ дава карактеристика на посебна горчина и цинизам.

Pargan Benjamin Kommentarbild App NICHT MEHR VERWENDEN
Бенјамин ПарганФотографија: DW/P. Henriksen

Задоцнета правда

Втората пресуда, со која холандскиот цивилен суд потврдува кривична соодговорност на Холандија, е сатисфакција за членовите на семејствата за бошњачките жртви. Во првите реакции тие велат дека се работи за задоцнета правда и најавуваат нови жалби. Тие имаат право и нивното задоволство е разбирливо. Но, би било погрешно и неправедно ако оваа неславна улога на холандските војници во рамките на ОН-мисијата би го свртела вниманието од фаталната и директната соодговорност на другите протагонисти на трагедијата во Сребреница.

Непристрасно и консекветно би требало да биде расветлена и улогата на бившиот главен командант со мировните трупи на ОН за бивша Југославија, Бернар Жанвие. Францускиот генерал тврдоглаво отфрлаше воздушни напади на тенковите на единиците на босанските Срби во напредување, иако беа исполнети сите неопходни услови: имаше директен напад врз војниците на ОН, а Ратко Младиќ немилосрдно го прекрши ултиматумот кој му беше поставен. Генералот Жанвие повеќепати ги одби молбите за поддршка од воздух во деновите непосредно пред освојувањето на Сребреница. Со прашањето за одговорноста на францускиот генерал се занимаваше и истражна комисија по налог на францускиот парламент. Притоа, беше испитувана тезата според која Бернар Жавие и Ратко Младиќ во тие јулски денови 1995 година постигнале договор да нема воздушни напади, а за возврат да бидат ослободени франциските војници кои се наоѓале во рацете на војниците на Младиќ и платениците.

Потврдени се информациите за преговори за ослободување на француските војници, но тие биле водени „по други канали“, беше речено во завршниот извештај. Па сепак, потоа мнозинството членови на француската истражна комисија ја отфрли оваа теза. Со тоа вторпат една западноевропска влада донесе ослободителна пресуда во своја корист во случајот со соодговорност за Сребреница. Тоа е еден од примерите кој покажува дека во случајот на најголемиот геноцид во Европа по Втората светска војна, уште не е стигнато до независна и се‘опфатна конфронтација со колективното потфрлување на меѓународната заедница на чело со ОН. Дури ни по важната пресуда во Холандија. Мајките од Сребреница имаат значи право и обврска и натаму да ја бараат вистината и правдата.

Прескокни го блокот Поврзани теми

Поврзани теми

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Северна Македонија останува во групата „демократија со недостатоци“

Бугарија и Македонија со ниски оценки за политичка култура

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница