Мајка Тереза - ангел на сиромашните или гласник на Ватикан? | Свет | DW | 04.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мајка Тереза - ангел на сиромашните или гласник на Ватикан?

Мајка Тереза преку ангажманот за сиромашните во Индија стана светски прочуена. Таа до денес инспирира многумина, но има и критики дека сиромаштијата и страдањето ги искористила за христијанско мисионерство.

Колката- гласен, збркан, нечист, незборавен: ниту еден друг град во светот не е толку поврзан со животот и работата на Мајка Тереза како поранешна Калкута. Работа која самата Мајка Тереза ја опиша на следниов начин: „Не игра никаква улога, дали некој е хиндуист, муслиман,будист, католик или протестант. Сите тие се деца на Бога. Кога се гладни, ги нахрануваме. Кога се голи, ги облекуваме. Кога се болни, им даваме лекови“.

Кога Мајка Тереза во 1950 година во Калкута (оттогаш градот го промени името во Колката) го основаше нејзиниот ред „Мисионерки на милосрдието“, животот тука беше одбележан од болката од насилното раздвојување на Индија и Пакистан по повлекувањето на британските колонијални владетели. Тогаш милиони луѓе беа во бегство, илјадници изгладнуваа на улиците.

Тајни и гласини

Денес во источно-индиската метропола Колката и околината живеат околу 15 милиони луѓе. Сликата на центарот на градот е одбележана од раскошни колонијални градби во распаѓање и сјајни нови трговски центри. Животот на најтесен простор се тетерави меѓу реалноста и клишеата. Големата сиромаштија и екстремното богатство се соседи. Лекарот Аруп Чатерџи го напуштил својот роден град Колката и денес живее во Англија. Тој се вбројува меѓу најострите критичари на Мајка Тереза и напиша книга за неа. Чатерџи ја обвинува Мајка Терезеа,дека и покрај бројните донации одржувала прикриен култ на сиромаштијата и на страдањето, за да биде мисионерка на католичката црква. „Сето она по кое е позната, е обвиено со тајни и гласини. Таа основа Куќа за луѓето на умирање. Човек воопшто не мора да оди таму. Доволно е да ги погледне сликите од тоа место. Луѓето немаа пристојни кревети и место малку да се движат. Додека Мајка Тереза беше жива, постоеше политика за повеќекратно користење на шприцевите, дури и во времето на ХИВ.“
Универзитетот Президенси во Колката важи за расадник на левичарски интелектуалци во Индија.

Професорот Прадип Басу раководи со факултетот за политички научки на овој универзитет. Тој пред сѐ се занимава со политичките системи и политичка филозофија - со Маркс, Хегел, Хабермас и Фуко: „Мајка Тереза сакаше да ја ублажи непосредната беда. Таа никогаш не мислеше на фундаментална социјална револуција, таа не беше таква“, верува професорот. Во неговиот глас осцилира тивкото обвинување дека светски прочуената калуѓерка со нејзината работа премачкувала преку неправдата, наместо да се бори против неа.

„Реалниот систем е нечеовечен и брутален. Се базира на експлоатација на сиромашните од страна на богатите. Но Мајка Тереза никогаш не говореше за капитализмот или за социјален пресврт. Таа сакаше да им служи на сиромашните, за да му служи на Бога. А каде го бараш Бога? Господ е со оние на умирање и гладните. Служи им ним, тогаш му служиш на Бога.“

Гледај видео 02:17
Now live
02:17 минути

Мајка Тереза- животот на една светица

Критики за Ватикан

Мохимарнаб има 21 година и студира кај професорот Басу. Тој прави разлика меѓу личноста Мајка Тереза и нејзината институција, католичката црква. За Мохимарнаб, Мајка Тереза дефинитивно беше ангел на сиромашните. „Мајка Тереза припаѓа кон индиската култура и културата на Колката. Таа е дел од нас. Важна е личноста и нејзината работа, а не институцијата. Нејзината работа во овој град за сиромашните и за децата е извонредна. Да се дарува љубов е нешто огромно. Кој дефинира, што е љубов? Мајка Тереза можеш да ја сфатиш само ако ги следиш нејзините чекори.“

Неговиот колега Хосајнур кимнува одобрувачки со главата. Мајка Тереза не седеше само на работната маса и не мудруваше или замижуваше пред проблемите, туку самата лично дејствуваше.

„Политичарите се одговорни за градењето на нацијата, а Мајка Тереза не беше политичарка“, вели 23-годишниот студент. Тој ѝ се восхитува на работата на малата калуѓерка, која е родена во 1910 година во Скопје, денешна Македонија и почина во 1997 година во индиска Колката. Хосајнур го критикува Ватикан.
„Ја злоупотребуваат добрината на Мајка Тереза по толку многу време за религијата, и тоа е погрешно. Тие не сакаат да ја шират љубовта и социјалната работа на Мајка Тереза, туку сакаат да го шират христијанството“.

Продавниците во Колката се полни со сувенири со ликот на Мајка Тереза. Градот привлекува многу туристи, кои сакаат да ја запознаат Колката на Мајка Тереза. Во приемната зграда на аеродромот виси голем плакат со Мајка Тереза. На него стои: „Не чекај на водачи. Дејствувај сам. Од човек на човек.“

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама