Мачни преговори за иранската атомска програма
18 јуни 2012Експертите и дипломатите не очекуваат пробив на дводневните разговори во Москва.
Западен дипломат за агенцијата Ројтерс изјави дека „доколку Иран и натаму не ги прифаќа можностите што ги нудат овие разгвоори, ќе се сочи со засилен притисок и изолација“. Пред почетокот на разговорите во Москва, Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон потврди дека ЕУ нема да ги укине своите санкции против Техеран и дека ембаргото на иранска нафта ќе стапи во сила на први јули. ЕУ не очекува решение на проблемот на средбата во Моква, изјави портпарол на Ештон.
Западот го сомничи Иран дека под плаштот на цивилна атомска програма тајно создава нуклеарно оружје. Иранското раководство го негира обвинувањето и бара укинување на меѓународните санкции. Русија сака да го наговори Иран да го премести во странство спорното облагородување ураниум.