Мас: Западниот Балкан е стратешки интерес на ЕУ | Свет | DW | 31.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Мас: Западниот Балкан е стратешки интерес на ЕУ

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас на прес-конференцијата со албанскиот колега Дитмир Бушати во Берлин порача дека ЕУ има стратешки интерес да се прошири со земјите од регионот на Западниот Балкан.

„Апсолутно сум убеден дека проширувањето на Европската Унија со Западниот Балкан е од стратешки интерес за ЕУ“, изјави Мас во Берлин, по средбата со шефот на албанската дипломатија Бушати.

Германскиот министер потенцираше дека ЕУ нема намера да им го препушти регионот на Русија или Кина, и оти е убеден дека тоа не го сакаат ниту граѓаните на Западниот Балкан.

„Доколку не го сториме тоа, други, како Русија и Кина, ќе го зголемат своето влијание. Исто така сум убеден дека луѓето во Западниот Балкан сакаат да живеат како нас во Западна Европа, а не како што живеат луѓето во Русија и Кина. Затоа, тоа е важно прашање за ЕУ“.

Гледај видео 00:52

Мас: Западниот Балкан е стратешки интерес на ЕУ

Мас уште еднаш повтори дека условите за членство во ЕУ се познати и дека само со нивно исполнување може да се направи чекор напред, но ги пофали Македонија и Албанија за реформите.

„Предусловите за членство во ЕУ се добро познати. Особено Македонија и Албанија започнаа бројни реформски процедури кои се фокусираат токму на овие барања“, рече Мас.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама