Мас: Германија и натаму ќе ѝ дава поддршка на Македонија | Северна Македонија | DW | 29.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Мас: Германија и натаму ќе ѝ дава поддршка на Македонија

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ветува натамошна поддршка на реформските напори на патот кон Европската Унија.

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ја поздрави одлуката на ЕУ за Македонија и Албанија и бара од двете земји тоа да го сфатат како поттик. Во изјавата на Мас за ДВ се вели:

„Европската Унија оваа недела донесе важна одлука: од 2019 година може да започнат преговорите за приклучување со Албанија и поранешната југословенска Република Македонија. Многу се залагавме за овој силен насочувачки сигнал, со кој се им се оддава признание на реформските напори од последните години. Преговарачкиот процес во Брисел не беше секогаш лесен, но нѐ радува што на крајот беше можен компромис на сите 28 земји членки на ЕУ. Апелирам до сите политичари во Тирана и во Скопје овој успех да го сфатат како поттик за ангажирано продолжување на реформите. Германија во тоа и натаму целосно ќе ги поддржува.“

Heiko Maas mit mazedonischem Amtskollegen Nikola Dimitrov (DW/B. Georgievski )

Мас и Димитров во Берлин (14.06.2018)

Мас на средината од јуни имаше средба со македонскиот колега Никола Димитров, по што вети дека Германија ќе лобира активно во Франција, Холандија и други земји на ЕУ за Македонија да добие датум за почеток на преговори. „Ние на македонското население треба да му испратиме важен сигнал дека се исплати да се следи европската перпсектива“, рече Мас во Берлин по разговорот со Димитров.

DW.COM

Реклама