Масовни евакуации во Грција, огновите голтаат сѐ пред себе | Свет | DW | 08.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Масовни евакуации во Грција, огновите голтаат сѐ пред себе

Илјадници луѓе се евакуирани од нивните домови на грчкиот остров Евиа откако пожарите продолжија неконтролирано да се шират шести ден по ред. Бродовите се на готовс за натамошни евакуации.

Огновите кои беа закана за северните предградија на Атина денеска се смирени, но пожарите на Евиа, голем остров северно од главниот град, се шират неконтролирано на повеќе места на површина од илјадници хектари шума и ги принудуваат на евакуација околните села.
„Лута сум. Го загубив домот... ништо нема да биде исто утре“, вели една жителка која се претстави како Василикиа откако се качи на спасувачки брод кај селото Псаропули.


„Ова е катастрофа. Огромно е. Нашите села се уништени, ништо не остана од нашите домови, нашиот имот, ништо, ништо...“, вели таа.
Најголемите пожари во Грција во последните 30 години беа предизвикани од високите температури кои достигнуваа и 47 степени Целзиусови, а силните ветрови ги разнесуваат во повеќе делови од земјата.


Крајбрежната стража досега евакуираше повеќе од 2.000 луѓе од Евиа, а особено драматично беше во текот на ноќта. Останатите сами, пеш ги напуштаа своите домови, движејќи се по патиштата додека шумата околу нив гореше.

„Една куќа гори онаму“, им кажа една жена на спасувачките служби кај населбата Василика.


„Насекаде, насекаде, насекаде гори“, и одговори еден пожарникар.

Грција ја ангажираше и армијата да помогне во битката со пожарите, а помош испратија Франција, Египет, Швајцарија и Шпанија.
Надлежните велат дека и авионите за гаснење на пожарите се соочуваат со потешкотии поради намалената видливост и не можат да биде целосно ангажирани.

 

DW.COM