Масовна евакуација поради голем пожар кај Инголштат | Информации и анализи за Германија | DW | 01.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Масовна евакуација поради голем пожар кај Инголштат

Најмалку осум луѓе се повредени во експлозијата и последователниот голем пожарот во рафинерија за нафта во јужна Германија. Речиси 2000 луѓе се евакуирани поради големиот пожар.

Експлозијата се случила утрината во 5:30 минути во секторот за производство на течен гас и бензин во погонот на компанијата Бајерноил на Дунав. Меѓу повредените има три лица со сериозни повреди кои се префрлени во болница, соопшти полицијата.

Според локалните медиуми експлозијата се почувствувала во радиус од повеќе километри. Снимките на социјалните мрежи покажуваат како пламен се крева во височина од рафинеријата.

Околу 1800 жители на местата Фобург и Иршинг, кои се наоѓаат на 15 километри од градот Инголштад во германската покраина Баварија, евекуирани се поради безбедносни причини. Полицијата соопшти дека гаснењето на пожарот продолжува и оти постои ризик од нови експлозии. Во операцијата се вклучени околу 200 пожарникари.

Локалното население во радиус од околу 20 километри е повикано да ги затвори вратите и прозорците од своите домови, поради можните штетни влијанија на чадот.

Локалната компанија Бајерноил е сопственик на рафинеријата Фобург. Компанијата вработува околу 790 луѓе на две локации во Баварија и произведува горива, меѓу нив бензин и дизел, со капацитет на преработка на сурова нафта од 10,3 милиони тони годишно.

 

Реклама