„Марш на живите“ во Скопје: да учиме од минатото за да не се повтори | Северна Македонија | DW | 12.03.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

„Марш на живите“ во Скопје: да учиме од минатото за да не се повтори

Македонскиот и бугарскиот премиер Заев и Борисов и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Звиздиќ го предводеа маршот во Скопје по повод 75. годишнина од депортацијата на македонските Евреи.

Комеморацијата под мотото „Маршот на живите“ започна пред Музејот на Скопје, а заврши пред Тутунскиот комбинат (поранешен Монопол) од каде што во март 1943 година 7.144 македонски Евреи со вагони беа депортирани во нацистичкиот логор на смртта Треблинка.

„Нашите сограѓани, Евреите, беа книги на нашето заедничко постоење, испишани со години и векови на историја и традиција, борба и пркос за подобро утре за сите коишто живеат и живееја на овие простори“, рече Заев во обраќањето пред споменикот на депортираните Евреи во Скопје.

„Денес ги повторуваме лекциите од минатото, за уште посилно да си го осветлиме патоказот за иднината којшто заеднички го избравме. Омразата не е наш избор. Никогаш да не заборавиме што се случи тука,

пред 75 години. Историјата се повторува само за оние коишто стануваат слепи за минатото. Ние нема да бидеме слепи и ќе продолжиме да се сеќаваме. За никогаш да не се повтори“, рече Заев.

Mazedonien 75. Jahrestag Deportation Juden aus Mazedonien im Zweiten Weltkrieg | Bojko Borissow, Premierminister Bulgarien (Government of Republic of Macedonia)

Бугарскиот премиер Борисов положи венец на споменикот на депортираните Евреи од Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов потсети дека одговорност за одлуката за депортацијата на Евреите од Македонија во Треблинка е одлука на тогашниот генерал на нацистичка Германија Хајнрих Химлер и на германскиот амбасадор во Софија Адолф Бекерле.

„Ние чувствуваме длабока болка и жал поради тоа што не можевме да ја спречиме смртта на тие луѓе. Денес ние сме должни да не ја заборавиме трагичната судбина на жртвите на Холокаустот и за бидеме сигурни дека вакви настани никогаш повеќе нема да се повторат“, рече Борисов. 
Повеќе во видеото: 

Гледај видео 03:01

„Марш на живите“ во Скопје

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама