Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!
Мартин Шулц е роден на 20 декември 1955 година во селото Хелрат, во западната Рајнска област. Во моментов е претседател на Социјалдемократската партија на Германија.
Шулц беше избран за претседател на СПД во март 2017 година, а пратеник во Бундестагот е по изборите во септември 2017 година. Претходно беше претседател на Европскиот парламент од 2012 до 2017 година, и член на парламентот од Германија од 1994 до 2017 година.