Малцинствата недоволно застапени во германската полиција | Свет | DW | 10.03.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Малцинствата недоволно застапени во германската полиција

Луѓето со мигрантско потекло не се доволно застапени во германските полициски сили, покажува најново истражување. Иако има обиди за затворање на јазот, институционалниот расизам е голем проблем.

Малцинствата се во голема мера недоволно застапени во германските полициски сили и покрај напорите да се реши ова прашање, покажува истражувањето на „Медиендинст интеграцион“. Иако имаше обиди целно да се регрутираат припадници на малцинства, бројките покажуваат јаз во речиси секоја покраина.

Во покраината Шлезвиг-Холштајн, 5,4% од апликантите имале мигрантско потекло, вклучувајќи ги и 3,5 отсто од новите регрути, наспроти вкупната популација на мигранти од 13,2 проценти. Во германската покраина со најголем број на жители, Северна Рајна Вестфалија, само 11,7 проценти од регрутите се со мигрантско потекло, споредено со 25,6% од популацијата. Од друга страна, полицијата во Берлин и Саксонија-Анхалт има многу подобар резултат во однос на процентот на регрути од мигрантско потекло, кое го надминува просекот кај популацијата. Сојузната полиција пак, не собира податоци за регрутите, но министерот за внатрешни работи најави дека се планира такво истражување.

Податоците од истражувањето на „Медиендинст интеграцион“ се генерално позитивни - сѐ повеќе полициски служби евидентираат податоци за вработените и се посветени да регрутираат полицајци од малцинските заедници. Пред три години само шест покраини беа заинтересирани да го дознаат тоа, а сега нивниот број изнесува десет и „Медиендинст Интеграцион“ забележува дека повеќето реклами за регрутирање прикажуваат полициски службеници - припадници на етничките малцинства.

Нејасен ефект

Александра Левицки, социолог од Слободниот универзитет во Берлин, специјалист за институционален расизам во Германија и Велика Британија, изјави дека полициските сили во Британија континуирано се обидуваат да регрутираат припадници на етничките малцинства – но дали различите стратегии за регрутирање го намалуваат институционалниот расизам е друго прашање. „Тоа е една од мерките која се прави лесно“, изјави Левицки за ДВ. „Со вклучувањето на луѓе од различно потекло, изгледа сметаат дека можат да направат некоја магија за да покажат дека не се расисти – што е делумно неточна претпоставка. Зголемувањето на бројот на вработени од етничките малцинства по секоја цена не го спречува расизмот - но самиот факт дека институцијата обраќа внимание за недоволната застапеност е дефинитивно прв и важен чекор за адресирањето на расизмот".

Karneval in Köln (DW/A. Almakhlafi)

Германската полиција призна дека вршела расно профилирање на осомничени за време на новогодишната прослава во Келн.

Полицијата во Британија е понапредна за разлика од колегите во Германија кога станува збор за справувањето со расизмот, а тоа делумно се должи на мобилизацијата на етничките малцинства како одговор на немирите по расистички инспирираното убиство на тинејџерот Стивен Лоренс во 1993. година. Во 1998. година, јавен увид во истрагата за убиството заклучи дека лондонската полиција била институционално расистичка, а регрутирањено на малцински групи во полицијата беше една од предложените мерки за справување со тоа.

Најсликовита паралела на ова во Германија беа полициските истраги за расистичките убиства извршени од Националсоцијалистичкото подземје (НСУ), ненонацистиччка келија која уби 10 луѓе во периодот помеѓу 2000. и 2007. година.

„Во секој случај – без разлика дали беше во Саксонија-Анхалт или Баварија – полициските сили независно едни од други го истражуваа потеклото на жртвите“, изјави Левицки. „Сите заклучија: ова е Турчин, мора да е инволвиран во трговија со дрога или некој друг криминал. Во секоја инстанца, полицијата ги интервјуираше фамилииите и никој во целата земја не помисли дека можеби станува збор за расистичко дело“.

Според Левицки, различните парламентарни комисии кои ги истражуваа потфрлувањата на полицијата не ја разјасниле доволно ситуацијата. „Нивните наоди укажуваат на сите симптоми на институционален расизам, но тие не заклучија дека тоа што го открија е институционален расизам“, изјави таа. Германските власти го избегнуваат зборот расизам, затоа што го изедначуваат расизмот со злосторства како што е Холокаустот – тие не разбираат дека расизмот понекогаш значи и функционирање на институција на начин кој продуцира дискриминаторски резултати или практики.

Расно профилирање и убиство

Deutschland Terror Neue Durchsuchungen gegen mutmaßliche Nazi-Terrorhelfer Kombo (picture-alliance/dpa)

Националсоцијалистичкото подземје изврши девет убиства на луѓе со имигрантско потекло.

Од оваа гледна точка, дали индивидуални полициски службеници се расисти е ирелевантно – полициските сили треба да имплементираат мерки, кои спречуваат дискриминаторски проценки да ги попречуваат истрагите, како што изгледа дека се случи во убиствата поврзани со НСУ. „Доколку тоа се случува систематски, тогаш не може да биде подобрена само соработката помеѓу полициските сили“, изјави таа. „По случајот со Стивен Лоренс, британскиот закон против дискриминација во јавните служби беше значително подобрен  – за да се осигура дека одговара на потребите на различните групи во популацијата. И тоа дефинитивно е нешто од кое што сме многу далеку тука во Германија“.

Дебатата за расното профилирање одново се разгоре по настаните во Келн на новогодишната прослава. „Не само што го направија тоа, туку и користеа расистички термини кога информираа за истото преку Твитер“, изјави Левицки. „Има многу докази дека расното профилирање се спроведува систематски низ целата земја, иако очигледно е нелегално“.

„Би кажала дека во поглед на сфаќањето дека ова е сериозно прашање, дебатата во Велика Британија е на далеку понапредно ниво“, заклучува Левицки. „Раководството на полицијата е свесно дека постои проблем и тоа е нешто со што полициското и политичкото раководство досега недоволно се занимаваа. Но, тоа не значи дека во Британија нема институционален расизам“.

 

Реклама