Малите тајни на големите германски супермаркети | Економија | DW | 31.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Малите тајни на големите германски супермаркети

Вечната војна за ниски цени меѓу дисконтните супермаркети го кочи развојот на онлајна продажбата во Германија. Најпознатите маркети одбиваат да им понудат домашна услуга на потрошувачите, за да се заштитат.

Странците честопати се фрустрираат не само од големината на повеќето германски маркети за храна, туку и поради нивната тврдоглавост во одбивањето да понудат испорака на производите на домашна адреса. За разлика од маркетите за средна класа како Реве и Едека, кои наголемо инвестираат во „испораката до дома“, големите ланци на нискобуџетни маркети како Алди и Лидл и натаму профитираат од пречките кои им се наметнуваат на потенцијалните хипермаркети.

Отфрлајќи ја револуцијата во е-трговијата - иако Лидл врши испорака на облека и апарати за домаќинство - овие маркети доминираат во прехранбениот сектор фокусирајќи се на мали продавници, со лимитиран избор, лоцирани на речиси секој агол на германските градови.

Поблиску до домот

За разлика од САД и Британија, каде трендот е повеќе кон хипермаркети, и каде купувањето може да потрае и цел ден, трговските експерти кои ги консултираше ДВ велат дека Германците повеќе сакаат да посетуваат компактни продавници, почесто.

„Потрошувачите нема да заштедат многу доколку ја нарачаат храната онлајн во Германија или отидат самите во продавница“, вели Јоахим Штумпф, директор на трговската консултантска фирма ББЕ од Минхен. Повеќето супермаркети најчесто се на мала оддалеченост - пеш или со велосипед.

Preisschilder in einem Lidl-Discounter (picture-alliance/dpa/M. Murat)

Дисконтот Лидл често им нуди големи попусти на потрошувачите


Втората причина е острата ценовна конкурентност во прехранбениот сектор, која им остава мал простор на големите дисконти за инвестиции во испораката преку интернет.

„Германија има најниски цени на храната во цела Европа, па оттука тешко можете да се здобиете со предност доколку нудите онлајн испораки“, вели Штумпф.

Помалку од 1,5 проценти од Германците купиле храна или пијалоци онлајн меѓу 2013 и 2015 година, велат анкетите. За разлика од Британија или Јужна Кореја, на пример, каде можноста за купувањето храна онлајн ја користат 8 односно 15 проценти од населението.

Доаѓа Амазон

Трговските експерти велат дека Германците се сомневаат дека ќе го добијат истиот квалитет доколку купуваат храна онлајн.

„Германските потрошувачи имаат високи стандарди во однос на свежината на производите. Најчесто сакаат самите да бираат и тоа во самата продавница“, вели Хендрик Шредер, професор по бизнис и маркетинг на Универзитетот Дуизбург-Есен.

Како и да е, инвестициите во онлајна продажбата ќе мора да се зголемат доколку големите дисконти сакаат да си го задржат високиот удел на пазарот. Иако Алди, Лидл и други евтини дисконти достигнаа контрола над 44,5 проценти од пазарот во 2008 година, оттогаш расте уделот на другите супермаркети на нивна сметка.

Дополнително, влезот на Амазон во онлајн продажбата на храна би можел да предизвика промена во стратегијата. Технолошкиот гигант веќе им ги нуди овие услуги на своите клиенти во Хамбург, Берлин и Минхен и тоа за 10 евра месечно.

Но, и покрај технолошките и логистички иновации на Амазон, навиките на германските потрошувачи остануваат главна „пречка“ за развој на онлајн испораката на храна, а евентуалните промени ќе бидат бавни, прогнозира Шредер.

DW.COM

Реклама