Макрон сигнализира оптимизам за проширувањето на ЕУ | Северна Македонија | DW | 08.01.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Макрон сигнализира оптимизам за проширувањето на ЕУ

Северна Македонија би можела да ги отвори преговорите со ЕУ во март, доколку месецов се усвојат француските предлози за реформа на преговарачкиот процес, проценуваат хрватски медиуми по средбата Макрон-Пленковиќ во Париз

Францускиот претседател Емануел Макрон е подготвен да ги повлече резервите кон проширувањето на ЕУ доколку до крајот на месецов Европската комисија ја изработи новата методологија за проширувањето во која ќе бидат земени предвид забелешките и барањата на Париз.

Од средбата на Макрон со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Париз доаѓаат сигнали за отстапки, оценува по состанокот германската агенција ДПА.

„Знам каква важност му придавате на процесот на проширување и сакам заедно со вас да постигнеме состанокот во Загреб во мај да биде момент на напредок за ЕУ. Но затоа мораме да ја смениме парадигмата во однос на нашата последна расправа во Советот во октомври. Франција предложи нова методологија за процесот на проширување да не биде само технократски процес, туку вистински напреден и ревирзибилен политички пат“, рече Макрон.

Kroatien Zagreb Kongress Europäische Volkspartei EVP (picture-alliance-AP/D. Vojinovic)

Пленковиќ верува во еволуција на ставот на Макрон

Пред состанокот, Пленковиќ оцени дека „верува оти може да дојде до еволуција во ставот“ на Макрон.

Во текот на овој месец се очекува комесарот за проширување Оливер Вархељи да го претстави предлогот за одредени модификации на методологијата на преговорите, а во февруари ќе бидат објавен дополнителен извештај за напредокот на Северна Македонија и Албанија.

Пленковиќ изјави дека Северна Македонија се согласила и на промена на името за да напредува на патот кон ЕУ. „Сега не би било фер тоа да се доведува во прашање поради методологијата на преговорите“, рече Пленковиќ.

Според хрватските медиуми кои ја следеа посетата на Пленковиќ на Париз, доколку се усвои новата методологија, Скопје би можело да ги започне преговорите со ЕУ уште во март, пред состанокот во Загреб. Целта на хрватската дипломатија е самитот во Загреб да не биде сведен на темата за проширувањето, туку на него да биде поставена поширока рамка за идните односи на сите земји од Југоисточна Европа во следните 10-15 години.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама