Макрон сака да ја обедини поделената Франција | Свет | DW | 08.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Макрон сака да ја обедини поделената Франција

Победата беше јасна, Европа здивна: Емануел Макрон влегува во Елисејската палата како најмлад француски претседател. Но поранешниот министер за економија и иневестициски банкар стои пред огромни предизвици.

На првиот јавен настап на новоизбраниот претседател на Франција не мора долго да се чека. Претпладнево по историскиот избор на Емануел Макрон како најмлад претседател во историјата на земјата, тој заедно со претседателот во заминување Франсоа Оланд учествува на годишната комеморативна церемонија посветена на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна. Согласно традицијата, Оланд најнапред ќе положи букет цвеќе пред статуата на Шарл де Гол на Шанзелизе а потоа е планирана церемонијата да продолжи пред Триумфалната порта во Париз.

Изборниот исход од претходната вечер со олеснување е прифатен и во странство. Меѓу оние кои први му честитаа на новоизбраниот француски претседател беа германската канцеларка Ангела Меркел и целокупниот врв на Европската унија. И финансиските пазари реагираат позитивно на успехот на социјалнолибералниот про-европски политичар Емануел Макрон. Берзите во Азија и Австралија го започнаа тргувањето на почетокот од неделава со значителен плус.

Гледај видео 01:06

Победа на Макрон

„Со сите сили борба против поделбата“

Притоа 39- годиишниот независен политичар се наоѓа пред огромни задачи. По победата против десничарската популистика Марин Ле Пен, идниот претседател на Франција порача дека има намера повторно да ја обедини поделената земја. Тој во победничкиот говор истакна дека со сите сили ќе се бори против делбите, кои ги исцрпуваат и обесхрабруваат Французите и вети дека сериозно ќе ги сфати гневот и грижите на гласачите на Марин Ле Пен.

48-годишната политичарка со нешто малку преку 34 насто освоени гласови претрпе убедлив пораз од Макрон, но го оствари досега најголемиот изборен успех  во историјата на нејзината десно-екстремистичка партија Национален фронт. Околу 10,6 милиони Французи го дадоа својот глас за Марин Ле Пен.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама