Макрон најавува олеснување на мерките: „Го пребродивме најлошото“ | Свет | DW | 25.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Макрон најавува олеснување на мерките: „Го пребродивме најлошото“

Францускиот претседател Емануел Макрон најави попуштање на строгите антикорона-рестрикции во земјата. Чекор по чекор, јавниот живот треба повторно да заживее.

Уште од оваа сабота продавниците во Франција ќе бидат повторно отворени, со почитување на хигиенски правила, најави синоќа францускиот претседател во телевизиско обраќање. Граѓаните повторно ќе можат подолго да ги напуштаат своите домови –имено три часа дневно во радиуас од 20 километри. Досега беше дозволен само еден час на ден во радиус од еден километар, доколу не постои итна причина како патување до работно место или посета на лекар. Од викенд ќе бидат отворени и црквите, дадена е можност за одржување богослужби, но со максимално 30 верници.  

Општите ограничувања на движењето, според зборовите на Макрон, би требало да бидат укинати на 15 декември, со оглед на континуираниот пад на бројот на новоинфицирани. Но, ќе остане во сила полициски час од 21 часот навечер до седум часот утрото. На божик и Нова година луѓето ќе можат да се движат слободно, а нема да има ограничувања ни за семејствата кои сакаат да патуваат за време на Божиќните празници. Предвидено е на 15 декември почнување со работа и на кината, театрите и музеите. Баровите и рестораните меѓутоа ќе останат затворени подолго – плановите на владата предвидуваат – до 20 јануари. Дури следната година ќе добијат дозвола да отворат и француските скијачки центри.

Повеќе на темата:

Франција од петок се враќа во карантин

Над 1 милион случаи на Ковид-19 во Франција

Коронавирусот и во Европа бил раширен уште во септември 2019

СЗО загрижена од „експлозијата“ на корона-инфекции во Европа

„Го пребродивме најлошото. Кулминацијата на вториот бран помина", истакна Макрон. Тој смета дека напорите за сузбивање на коронавирусот вродиле плод, но тие мора да бидат продолжени. „Мораме да направиме сѐ за да избегнеме трет бран и нови ограничувања на движењето", потенцираше претседателот.

Од воведувањето на новиот локдаун пред триипол недели, растот на инфекциите во Франција е значително забавен. На почетокот од неделава бројот на новорегистрираните инфекции за првпат од крајот на септември не ја надмина границата од 5.000 во текот на едно деноноќие, која Макрон пред четири недели ја постави како цел. Бројот на смртни случаи во меѓувреме премина преку 50.000, Фрација се смета за една од најпогодените земји во Европа од пандемијата на коронавирус.

Реклама