Македонски пратеници во Европскиот Парламент | Теми на денот | DW | 10.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Теми на денот

Македонски пратеници во Европскиот Парламент

Македонските парламентарци од речиси сите политички партии кои се претставени во Собранието, два дена ќе имаат повеќе работни средби со европратениците кои заседаваат во Стразбур, како и со еврокомесарот Оли Рен.

Стразбур

Стразбур

Делегацијата на Собранието на Република Македонија, допатува во Стразбур со една единствена задача - да ги убеди своите европски колеги да го подобрат нивниот впечаток за земјата пред расправата за извештајот посветен на ситуацијата во Македонија.

„Во досегашните средби и разговори им предочивме на нашите колеги од ЕП, дека Република Македонија сериозно работи на агендата за Европската унија. На некој начин дури и ги охрабруваме нашите колеги да пролжат со проширувањето и на некој начин ако може да се вреднува нашиот напредок со добивање на датум за отпочнување на преговори со Европската унија. Разговаравме и за олеснување на визниот режим.“ Истакнува Иван Анастасовски, потпретседателот на Собранието на Република Македонија и предводник на делегацијата во Стразбур.

Што се однесува до добивањето на датум за почеток на преговорите, германската европраламентарка Дорис Пак, на македонските парламентраци им го рекла следново. „Им реков, слушајте! Не сме ние, туку вие кои што на крајот треба да ги исполните сите обврски од потпишаните документи и нивно спроведување на дело. Односно, реформирање на администрацијата, судството... Ние чекаме да владата и парламентот ја завршат нивната работа. Повеќе не даваме датуми. Кога ќе бидат исполнети условите тогаш ќе прифатиме да започнат преговорите.“

Претседателка на делегацијата за односи со земјите од Југоисточна Европа при ЕП, ги повика македонските политичари да се зафатат со работа. „Се надевам дека ќе го направат тоа. Ми направи големо задоволство што сите партии од владината коалиција и опозицијата беа овде и зборуваа едногласно. Тоа е начинот на кој се претставува една земја.“

Агрон Буџаку од редовите на ДУИ, не го вели спротивното. „Мислам дека така треба да биде во интерес на аспирациите на Република Македонија за членство во ЕУ. Тоа е добар показател дека сите партии, парламентарни групи и пратеници сме со исто мислење, за да се побрза и во тој склоп ние го поздравуваме воглавно позитивниот извештај и нацрт резолуцијата за која ќе се гласа.“

Престојот на делегацијата во Стразбур може на прв поглед да изгледа задоцнет, бидејќи комисиската расправа е веќе завршена, но, сепак, не е баш така. Ни вели Анастасовски. „Добро е што отпочна. Претпоставувам, ова од функција на потпретседател на Собранието дека оваа соработка ќе се интензивира и ќе успееме како парламент, во што поголем наврат ќе бидеме присутни во дебатите и контактите со европските пратеници за да им укажеме на целосната слика во Република Македонија.“

Реклама