1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Symbolbild Schülerin & Hausaufgaben
Фотографија: Imago/PhotoAlto
Образование

„Единица“ по природни науки“, „двојка“ за математика

ДТЗ /ДВ
10 декември 2020

Во однос на земјите од опкружувањето македонските ученици се подобри во математика од учениците од Косово, Црна Гора и БиХ, покажа меѓународното тестирање ТИМСС

https://p.dw.com/p/3mXZI

„Единица“ по природни науки, „двојка“ за математика. Вака некако би изгледале оценките коишто би ги добила Северна Македонија, доколку место бодови, би се добивале преодни или негативни оценки за знаењето коешто го покажуаат учениците од четврто одделение за природните науки и математиката, споредено со децата од 58 земји во светот. Резултатите на меѓународното ТИМСС тестирање спроведено во 2019 година, коишто ги објави Министерството за образовани и наука, само ги потврдуваат слабостите во образовниот систем и даваат вистинска слика за тоа каде се наоѓа образовен систем на земјата на глобалната карта. А, на таа карта, Македонија е речиси на дното - од вкупно 58 држави е на 51 место по знаење за природни науки, а на 45 место по математичка писменост. 

-повеќе на темата: Подобро е децата да бидат во училница

Во математичка писменост најдобри постигања на тестирањата има Сингапур, па Хонгконг, Кина, Јапонија. Во однос на земјите од опкружувањето, македонските ученици се подобри во математика од учениците од Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Потребни се реформи

„Тестирањето ни покажа дека како земја генерално имаме капацитет да создадеме квалитетно едуцирани генерации, но дека треба уште многу да се работи“, велат од МОН. Според нив, овие резултати треба да мотив за длабински образовни реформи. „Работиме на целосно нова концепција за основно образование која треба да го поттикне и изрази полниот потенцијал на секое дете. Исто така треба да создаде идни генерации кои нема само да меморираат факти туку ќе носат заклучоци базирани на анализа на факти“, велат од МОН.

Normazedonien | Mila Carovska | Bildungsministerin
Работиме на целосно нова концепција за основно образование, велат од МО. Министерката за образование Мила ЦаровскаФотографија: Gov. of the Rep. of North Macedonia

-повеќе на темата: Дали македонските ученици ќе го добијат најдобриот модел?

ТИМСС тестирањето се спроведе минатата година, а Северна Македонија беше една од 58-те земји кои изразија интерес да ги проверат постигањата на ученици на десетгодишна возраст во математика и во природни науки. TIMSS (Trends International Mathematics and Science Study) е интернационална студија во која се мерат постигањата на учениците по математика и природна група предмети (природни науки, физика, хемија, биологија), како и факторите кои влијаат на тие постигања.
Интернационалната организација за оценување ИЕА го организира тестирањето, а го спроведува Државниот испитен центар. Македонија досега учествуваше во четири ТИМСС тестирања во 1999, 2009, во 2011 со учесници од осмо одделение. Во последното истражување минатата година беа вклучени учесници од четврто одделение. Ваковиот тип тестирања и добиентите резултати е најавено дека ќе бидат основа за развој и креирање политики за унапредување на квалитетот на образовниот систем. 

Недостиг на самодоверба

Македонските ученици немаат самодоверба и волја за развој. Ова го покажа и минатогодишната студија на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во која учениците од Северна Македонија повторно се најдоа на европското дно. ПИСА тестот покажа дека на 15-годишниците им недостасува и таканаречен развоен менталитет.

Weltalphabetisierungstag 2015
ПИСА тестот во Македонија покажа дека на 15-годишниците им недостасува и таканаречен развоен менталитет.Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Hitij

-повеќе на темата: ПИСА: Македонските ученици немаат самодоверба и волја за развој

Македонските ученици се најдоа меѓу најлошите во три клучни категории кои ги оценува ПИСА студијата: читање, математика и природни науки. Анализата на резултатите од истражувањето меѓу 15 годишни средношколци во 2018 година покажа дека, и покрај малото подобрување во однос на студијата од 2015 година, тие и понатаму далеку заостануваат зад своите врсници од развиените земји. Во читање и математика средношколците беа на 67 место меѓу 77 земји, додека во научните дисциплини беа нешто подобри - на 63 место. 

Ново тестирање на пролет

Околу 4 илјади ученици од четврто одделение од 150 училишта во земјава во април и мај ќе имаат ПИРСЛ тестирање за читање со разбирање, најави неодамна националната координаторка за меѓународните тестирања Бети Ламева, на заедничка прес-конференција со министерката за образование и наука Мила Царовска и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска. 
Во тек е изборот на ученици кои ќе бидат вклучени. Тестирањето е на принципот молив-хартија и ќе биде на македонски и на албански јазик. Во истиот период ќе биде и ПИСА тестирањето, што ќе биде пробно, првпат ќе се реализира електронски, а примерокот е околу 50 средни училишта и околу три илјади ученици на 15-годишна возраст. 
Заклучокот на надлежните од спроведените истражувања е дека на учениците полесно им е да ги репродуцираат напамет научените лекции, отколку да се снајдат и да го искористат знаењето стекнато на училиште во непознати ситуации. Токму такво образование е целта кон која што надлежните од МОН најавуваат дека ќе се стремат во наредниот период. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

гробот на Гоце Делчев

Повици за блокади и ноќни стражи, МВР апелира за воздржаност

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница