Македонските кошаркарки против Германија за второ место во групата
9 јуни 2013Реклама
И двете репрезентации имаат по една победа (Португалија) и еден пораз (Израел), што значи директен дуел за второто место во групата. Почетокот на натпреварот е во 19 часот и 45 минути.
Македонија синоќа беше поразена од домаќинот на групата Д – Израел, со 72:56 и освен во првата четвртина, која нашите кошаркарки ја добија со 19:14, другите им припаднаа на Израелките. Најефикасна во нашата селекција беше Американката со македонски пасош Криси Гивенс, која имаше 25 поени и 11 скокови.
Првото место и пласманот во следната фаза веќе го избори Израел со двете победи, без разлика на исходот од денешниот дуел со Португалија. Другите три репрезентации следната година повторно ќе играат во нов циклус квалификации.