Македонскиот парламент ја продолжува седницата за безбедносната состојба во земјата | Вести | DW | 11.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонскиот парламент ја продолжува седницата за безбедносната состојба во земјата

*

Парламентот во Скопје денеска треба да гласа за закључоците од расправата по случувањата во селото Ваксинце, каде во вооружен напад загина Фатмир Халили командир на полициската станица во Матејче, а двајца се повредени. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, на вчерашната расправа пред пратениците изјави дека полициската патрола била нападната од група криминалци при обид да бидат легитимирани. Во претсрелката загинале двајца од напаѓачите, роднини на тн командант Џејми Шеј.Ранет е и неговиот внук Заим Халили, кој избегал на Косово. Опозицијата, по чија иницијатива се одржа седницата, оцени дека безбедносната состојба во земјата е загрозена и побара оставка од министерката Јанкуловска.