Македонија ќе добие препорака за почеток на преговори со ЕУ во јуни | Северна Македонија | DW | 22.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Македонија ќе добие препорака за почеток на преговори со ЕУ во јуни

Во интервју за германскиот весник Велт, европскиот комесар за проширување Јоханес Хан најави дека Македонија и Албанија во јуни годинава ќе добијат препораки за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Во разговорот, Хан вели дека обете земји во изминатиот период спровеле важни реформи и на тој начин се квалификувале за овој чекор. Хан притоа ја споменува Албанија која, според него, направила важни чекори во борбата против организираниот криминал.
„Граѓаните на овие земји заслужуваат конкретна европска перспектива“, вели Хан.
Споменувањето на 2025 година, како можен датум за следното проширување на ЕУ, според комесарот Хан носи „позитивен мотивациски притисок во регионот“.
„Преговорите за членство се процес, кој нам ни дава силен лост, да го придвижиме развојот на Западниот Балкан кон владеење на правото и конкурентна економија“, вели Хан за Велт.

Во контекст на проширувањето на ЕУ, германските медиуми денеска ја пренесуваат и изјавата на канцеларката Ангела Меркел дадена на вчерашната прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев во Берлин.
„Во рамките на ЕУ се прават напори да и се отвори перспективата за влез на Македонија“, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг. „Меркел упатува на неопходните реформи, пред сѐ во правосудниот систем. Притоа, помошта од ЕУ за изградба на транспортните коридори треба да се забрза. Меркел не сака да зборува за датум за можен влез во ЕУ, и вели дека најпрво мора да се исполнат условите“, пренесува ФАЦ.

Berlin - Kanzlerin Merkel empfängt Mazedoniens Regierungschef Zaev (Reuters/A. Schmidt)

Меркел му порача на Заев дека мора да се спроведат правосудните реформи и да се зголеми транспарентноста

И Меркел и Заев се согласуваат дека кинеските инвестиции не се сами по себе лоши, но според германската канцеларка, тие не смеат да бидат поврзувани со политички услови.
Вториот канал на јавниот сервис ЦеДеЕф, ја пренесува оценката на Меркел дека на Македонија и се потребни поголема транспарентност и правосудни реформи.

Магазинот Шпигел во онлајн изданието ја цитира критиката на Меркел кон ЕУ поради бавната реализација на помошта за земјите од Западниот Балкан. Парите не недостасуваат туку проблемот е „колку трае постапката додека одобрените пари се исплатат“, рече Меркел.
„Луѓето не ги интересира третата студија за изводливост, туку, како и при германското обединување, кога ќе биде изграден првиот километар автопат“, рече Меркел.

Читајте не и преку апликацијата на ДВ за андроид

DW.COM

Реклама