Македонија убедлива против Данска | Теми | DW | 07.02.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија убедлива против Данска

Ширум светот, во средата (06.02), се одиграа голем број пријателски натпревари, кои за фудбалските селекции се последен тест пред продолжување на квалификациите за пласман на Светското првенство.

Македонската репрезентација, со фуриозна игра во првото полувреме, ја прегази Данска со 3:0. Покрај Македонија, победи во контролните натпревари забележаа и останатите пет селекции кои се натпреваруваат во А-групата. Хрватска, во Лондон, ја победи Јужна Кореја со 4:0, Србија на Кипар се радуваше со 3:1, Шкотска минимално ја победи Естонија со 1:0, додека победи од 2:1 забележаа Велс над Австрија, односно Белгија над Словачка.

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски, не го криеше задоволството по брилијантната победа од 3:0 над Данска, во пријателскиот натпревар, но повика на претпазливост за претстојниот меч со Белгија.

Данска, која на ФИФА листата се наоѓа на 23-то место, на „Вилип Фтори“ го положи оружјето уште во првото полувреме, кога македонските фудбалери го надиграа противникот на секој дел од теренот.

„Натреварот го почнавме извонредно тактички, знаевме дека Данците ќе се

Cedomir Janevski neuer Trainer Mazedonien

Чедомир Јаневски

обидат да ја чуваат топката, намерно им го допуштивме тоа, исто како што знаевме дека ќе остават многу празнина во задната линија. Поради тоа сум среќен што трите гола се постигнати. Од она што го работиме на тренинзите, тие воопшто не беа случајни. Ова можеби се најдобрите 45 минути откако сум јас тука, делувавме колективно и дисциплинирано“, рече македонскиот селектор на прес- конференцијата по натпреварот.

Без еуфорија

Победата против Данска е трета во низа за репрезентацијата и за селекторот Јаневски, но според него добрите резултати не треба да создадат еуфорична атмосфера пред мечот со Белгија.

„Најважно е да останеме мирни, да не правиме еуфорија, да останеме со двете нозе цврсто на земја. Видовме што ни се случи со Хрватска во Скопје, откако во септември одигравме два добри натпревари во Загреб и во Шкотска. Поради тоа играчите треба да имаат што помалку тензии пред тој натпревар“, дополни Јаневски.

Селекторот им се заблагодари на навивачите кои го следеа мечот со Данска, но очекува дека со Белгија, во март, арената „Филип Втори“ ќе биде исполнета до последното место.

„Во Македонија навивачите го сакаат фудбалот, ние нив можеме да ги придобиеме само со ангажираност на секој натпревар, со колективна игра и со добри резултати“, рече Јаневски.

Fußball Freundschaftsspiel Deutschland - Frankreich

Германија ја порази Франција со 2:1

Натпреварот со Данска, беше последна проверка за македонските фудбалери, пред квалификациските натпревари со Белгија, на 22. и 26.март, во Скопје односно Брисел.

Средата донесе и неколку пресметки на фудбалските велесили, Аргентина се радуваше во Шведска на победата од 3:2, Холандија и Италија ремизираа 1:1, Франција загуби дома од Германија со 1:2, Англија го победи Бразил, додека светскиот првак Шпанија го совлада Уругвај со 3:1. Единственото изненадување го направи Еквадор, кој во Гимараеш ја победи Португалија со 3:2.

Поврзана содржина