1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Светска банка, седиштето во ВашингтонФотографија: Picture-Alliance/KEYSTONE

Македонија трет топ реформатор годинава за водење бизнис

20 октомври 2011

Македонија, според условите за водење бизнис, се наоѓа на 22-ра позиција меѓу 183 земји, стои во новиот извештај „Дуинг бизнис 2012“ изготвен од Светска банка.

https://p.dw.com/p/12w2W

Според извештајот, Македонија направила скок од 12 места во споредба со претходната година благодарение на реформите спроведени во четири области - добивање градежни дозволи, добивање кредит, регистрација на имот и решавање на несолвентноста. Земјата е трет топ реформатор за годинава, по Мароко и Молдавија, лидер во Западниот балкан и подобро рангирана од дури 19 земји члкенки на ЕУ.

Директорот на канцеларијата на Светска банка во Македонија Лилиа Бурунчук истакна дека наведениот прогрес во извештајот придонесува за подобрување на бизнисот и создавањето нови работни места:

„Потребно е време за реформите да се почувствуват во економијата, но во Македонија веќе гледаме позитивни промени во зголемената економска активност и зголемувањето на странските директни инвестиции. Но, во исто време, за засилен раст потребни се повеќе промени. Прогресот во Дуинг бизнис извештајот демонстрира капацитет за имплементирање на реформите, за што е потребна политичка волја, посветеност за промени и координираност со сите учесници. Светска банка веќе работи со владата на оваа сеопфатна агенда“, изјави Бурунчук.

Mazedonien Land und Leute Finanzminister Zoran Stavreski
Зоран СтаврескиФотографија: Petr Stojanovski

Што им е важно на инвеститорите и колку извештајот е слика на бизнис-реалноста?

Министерот за финансии Зоран Ставрески, кој успехот на економски план го награди со аплауз и споредба со оној на кошаркарите, нагласи дека континуираниот напредок бил резултат на макотрпни реформи, мерки и активности што биле спроведени изминатите шест години. Извештајот, според Ставрески, е мотивација за сите да продолжат да работат во насока на подобрување на условите за бизнис во земјата.

Дел од странските инвеститори во земјата коментираат дека извештајот Дуинг бизнис е позитивен, но сепак не го отсликува реално бизнис амбиентот во земјата. Првиот човек на Унијата на германски комори Михаел Шмит, за Дојче Веле коментира дека извештајот не содржи оценки за клучните фактори од кои зависи бизнис-климата и нивото на инвестиции во една земја. Според него, на инвеститорите им е поважна политичката стабилност, инвестициите во инфраструктурата, имплементацијата на регулативите, квалитетот на работната сила.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

загадување Скопје

Стотина граѓани сакаат да „посвојат“ мерна станица во Скопје

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница