Македонија со свој придонес за безбедноста во регионот | Македонија | DW | 10.11.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија со свој придонес за безбедноста во регионот

Во организација на Фондацијата Фридрих Еберт денеска во Скопје се одржа конференција за безбедност.

Скопје

Скопје

Косовското прашање и сиромаштијата се најголемата закана по стабилноста на регионот – ова е резимето од денешната конференција за безбедност што во Скопје ја организира германската фондација Фридрих Еберт. Учесниците предупредија на растечкиот криминал и корупција. Можни се социјални немири. Луѓето од Макеоднија но и од останатите балкаснки земји се помалку им веруваат на политичарите. Аптијата создава опасност за политичкиот процес и му отвара пат на екстремизмот. Ниту Балканот не е имун на тероризмот па ексопертите препорачуваат да се преземат соодветни мерки на превенција. Тобијас Дебиел од Институтот за развој и мир од Дуизбург Германија, кажа дека суверените држави имаат одговорност да ги штитат своите граѓани, но ако не можат да го направат тоа одговорноста треба да ја преземе Меѓународната заедница. Наталија Дрост кажа дека во поширокиот регион Косовоското прашање останува потенцијална закана за прелевање на насилствата. Според евроамбасадорот во Скопје Ерван Фуере проширувањето на Унијата ги турка реформите на земјите од регионот и создава стабилност. За безбендоста е многу важно, граѓаните од Балканот да се почувствуваат како Европјани.

Тоа ќе се постигне со либерализација на визниот режим, рече Фуере и најави дека Брисел ќе ги стартува преговорите со Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина „До крајот на овој месец ќе почнат преговири со Македонија и со другите земји од региониот со цел да се постигне поголемо визно олеснување. Ова е нешто што ќе одговори на грижите кои многу често можевме да ги видиме кај овдешните граѓани. Ова е добреа вест, бидејќи нешто се придвижува, се надевам дека преговорите ќе привршат релативно бргу потоа ќе може да се понуди ново отвораање на границите за студентите и за бизнисмените а тоа ќе биде прв чекор кон крајната цел на која што сите се надеваме, а тоа е целсоса либерализација на визниот режим.“

Евродипломатот оцени дека Македонија продолжува да биде успешна приказна, но како и секаде тоа нежно цвеќе мора да се негува и одржува, изјави Фуере на маргините на денешната конференција за регионална безбедност.

Директорот на скопската канцеларија на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Штефан Денерт смета дека на Балканскиот регион кој почна да закрепнува, населението сака да заврши времето на кризи и од политичарите бара свртување кон економскиот развој и социјалната стабилност, оцени Штефан Денерт. Македонија во регионалната безбедност придонесува со учество во мировните мисии.