Македонија со втора највисока смртност на новороденчиња во Европа | Македонија | DW | 20.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија со втора највисока смртност на новороденчиња во Европа

Единствено Молдавија од сите европски држави има повисока стапка на морталитет на новороденчиња од Македонија, се наведува во најновиот извештај на Уницеф. Бебињата имаат најмали шанси да преживеат во Пакистан.

Стапката на смртност кај новороденчињата во Македонија се зголемува, алармира Уницеф во новиот извештај кој е дел од кампањата „За секое дете, живот". Во Европа, полошо од Македонија котира единствено Молдавија. Од Уницеф оценуваат дека високата смртност е одраз не само на ефикасноста на здравствениот систем, туку и на развиеноста, сиромаштијата и социјалната благосостојба, стапките на заболувања и квалитетот на животната средина во земјите.
Уницеф ги рангира земјите во светот во четири групи, согласно економската состојба во нив: земји со ниски, средно ниски, средно високи и високи примања. Македонија е сместена во групата на земји со средно високи примања, со стапка на смртност кај новороденчињата од 8,3. Тоа е просечната бројка на илјада новородени кои починале во првите 28 дена од животот. Според стапката на смртност, Македонија е во друштво со Гренада, Маврициус, Колумбија и Фиџи. Од земјите во регионот, висока стапка на смртност има во Турција- 6,5; Албанија- 6,2; а подолу на листата е и Босна и Херцеговина со просек од 4,7. 

Пакистан на врвот на црната листа

На врвот на црната листа се Пакистан, Централноафриканската република и Авганистан со просечна смртност од речиси 45 новороденчиња на секои 1.000 родени.

Pakistan Krankenhaus Säuglingsstaion (Getty Images/AFP/A. Ali)

Бебиња на интензивна нега во болница во Пакистан

Годишно во светот умираат 2,6 милиони бебиња, од нив еден милион на денот на своето раѓање.
Најголеми шанси да преживеат и најдобра нега, новороденчињата добиваат во Јапонија, Исланд, Сингапур и Финска. Во Јапонија- земјата со најниска стапка на смртност- умира едно на секое 1.111 новороденчиња.

Македонскиот министер за здравство Венко Филипче месецов најави дека ќе се ангажираат доктори и експерти од земји од ЕУ и од СЗО со цел да помогнат во намалувањето на високата смртност на новороденчиња во Македонија.

„Ја поздравуваме неодамнешната определба на Министерството за здравство да изработи Акционен план за секое новороденче, со цел да се решат овие недостатоци“, велат од Уницеф.

Гледај видео 02:02
Now live
02:02 минути

Класика за бебиња

Во македонската јавност имаше бура од реакции откако Филипче ги образложи сите причини поради високата смртност: меѓу нив и, како што рече, „делумната неодговорност на родилките“. Повеќе невладини организации го критикуваа дека целата вина ја префрлил врз родилките.
Во денешното соопштение и Уницеф потврдува дека еден од проблемите е токму предпородилната грижа.

„Во нашиот контекст, тоа значи обезбедување соодветна пренатална грижа, прегледи и посети за сите бремени жени низ целата земја - особено за руралните жени, кои честопати се најоддалечени од здравствените служби“, велат од Уницеф.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама