Македонија, Солунскиот фронт и Првата светска војна | Македонија | DW | 09.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија, Солунскиот фронт и Првата светска војна

11 милиони загинати, 20 милиони повредени - Првата светска војна беше убиствена машина. Во т.н. Голема војна беа вклучени 40 земји. На чија страна беа земјите од Источна Европа и колкави беа раните на Македонија?

Македонија Првата светска војна ја дочекува како разделена територија меѓу Србија, Бугарија и Грција. На нејзино тло, една година по почетокот на војната, во 1915-та, се создава фронтот кој цели три години е место на судир на над еден милион војници од десетина различни армии. Т.н. Македонски, или Солунски фронт, е еден од четирите големи фронтови во војната. Тука битки водат силите на Антантата, од една страна и  Централните сили, од друга страна. Македонското население било мобилизирано за армиите на двете спротивставени страни во војната. Најмногу во бугарската војска, но и во српската и во грчката војска. Се смета дека во Првата светска војна се бореле нешто над 200 илјади Македонци. Се случувало членови на едно семејство да служат во различни војски и да бидат на различни страни од фронтот. Колкумина загинале? За тоа нема сигурни податоци, зашто тие што ги бележеле имињата на загинатите, ги заведувале како Срби, Бугари или Грци. Претпоставките велат – околу 10.000 жртви. 

Гледај видео 04:18
Now live
04:18 минути

Големата војна

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама