Македонија се прости од Тоше Проески | Теми на денот | DW | 17.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонија се прости од Тоше Проески

Тоше Проески,мега звездата на македонската поп музика,почесниот граѓанин на Македонија,денеска беше погребан во родното Крушево.Направи многу за Македонија,она што не ни успеа нам,признаа македонските политичари.

default

Последна почит во Крушево

Можеби поради младоста,сонот и добрината што ги носеше во срцето,едноставноста и скромноста,вредностите и едноставните нешта кои сме ги заборавиле.Илјадници луѓе дојдоа да се простат од него.

Тоше ни покажа дека можеме

Од името на владата,премиерот Никола Груевски:

„Тој ни остави љубов,ни остави верба и надеж.Не прави горди,зашто ни покажа дека Македонија е храбра и достојна.Зашто покажа дека Македонија е рамноправна со сите.Ни помагаше да ја надминеме малодушноста и да го совладаме чувството дека не можеме,дека другите се подобри.Тоше ни покажа дека можеме.Дека треба да веруваме во Македонија,да ја штитиме и чуваме,да ја афирмираме и промовираме со достоинство,да ја сакаме.“

На Господ му требаше ангел и си го побара,напишаа прилепските гимназијалци.

Изгубивме многу

Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан со зборови на утеха пред се до семејството:

„Добрите луѓе како Тоше се паметат и по подавањето рака секому што дава помош.Возљубени во Господа,само за еден миг го изгубивме прекрасниот Тоше и тоа сега кога најмногу ни требаа неговиот глас и неговата песна.Го изгубивме сега кога ни беа потребни сеуште неговите победи и неговите добрини.Го изгубивме кога најмногу ни требаа луѓе како него.Вчерашното утро уште еднаш потврди дека не само што не знаеме што ќе ни донесе утрешниот ден,како што рекол премудриот Соломон,туку и дека дните на човекот се како тревата,како полскиот свет.“

Се простуваме од најголемиот војвода на песната,продолжи да пееш и моли се на небото за Македонија,рече уште архиепископот.

Tose Proevski

Тоше замина во легендите

„Ми беше другар,заедно седевме во иста клупа“,вели Марјан Стојановски

„Навистина немам зборови,изгубивме многу,не само јас,цела Македонија,Балкан,Европа.Еден голем човек,голем пријател“.

И за групата Силви бенд Тоше ќе остане во сеќавање:

„Тоше беше ангел,сите го сакавме и ќе го сакаме,пред се човек со прекрасна душа,од кој што зрачеше љубов.Така ќе го памтиме,а неговиот глас ќе не потсетува на тоа кој беше со нас и колку сме имале среќа да го познаваме“.

Од Тоше се простија и македонскиот претседател Бранко Црвенковски,претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски,пратеници,претставници на дипломатскиот кор,меѓу кои и амбасадорката на САД Џилиен Миловановиќ,евроамбасадорот Ерван Фуере,делегации на АРМ,политички партии.