Македонија: Предизборна кампања во тешки околности | Северна Македонија | DW | 24.11.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Македонија: Предизборна кампања во тешки околности

Крај на кризата во Македонија? Со ова прашање се занимава германското радио Дојчландфунк во прилогот посветен на почетокот на предизборната кампања во Македонија.

Македонија веќе подолго време се наоѓа во длабока политичка криза. Под притисок на опозицијата премиерот Никола Груевски поднесе оставка. Со тоа беше отворен патот за нови избори на 11 декември. Со вакви многу, многу тешки околности сега започна предизборната кампања. Груевски повторно би можел да дојде на власт, стои во воведот на прилогот на германското радио Дојчландфунк посветен на актуелните предизборни состојби во Македонија:

„'Го знаеш патот', им вели во спотовите на своите гласачи, конзервативната партија на долгогодишниот премиер Груевски. Во Охрид спорниот политичар говореше лично пред неговите приврзеници, кои го поздравуваа со извиците „Никола, Никола“. Груевски на почетокот на годината по десет години на функцијата се повлече од премиерското место. Заднината е државната криза која тлее веќе две и пол години. Опозициските социјалисти пред нејзиниот почеток објавија протоколи од прислушувани разговори.

Според нив, Груевски дал да се прислушуваат илјадници луѓе. Протоколите отсликуваат слика на една корумпирана влада, која ги лажирала изборите и ги полнела своите џебови. Лидерот на опозицијата Зоран Заев, кого приврзениците на неговиот прв предизборен настап веќе го славеа како иден премиер, го предизвика неговиот соперник Груевски симболично на дуел. Притоа, како што рече, тој сака да го праша Груевски за некои работи кои своевремено не беа објавени, поради пристојност. Одговорите нема да се премолчат, изјави кандидатот на социјалистите. Специјалното јавно обвинителство сега потврди дека прислушувани биле најмалку 6000 луѓе, веројатно и повеќе. И Заев се наоѓа на листата на шпионираните. Кога претседателот на државата- инаку човек од доверба на Груевски- минатата пролет сакаше да ги амнестира обвинетите во аферата со прислушување, Македонците со недели протестираа на улиците. Постојано беа одложувани новите избори, и покрај тоа што Македонија во бегалската криза стана европски вратар. Вкупно 11 партии и коалиции настапуваат сега на изборите во балканската земја. Од избирачките листи беа избришани 30 илјади непостоечки гласачи - еден од условите од Договорот од Пржино, кој страните во конфликтот го постигнаа со посредство на ЕУ“, читаме во прилогот на Дојчландфунк, кој во продолжение посветува внимание на македонското предизборие во контекст на меѓуетничките односи:

„Во Македонија Албанците и христијанските Македонци повеќе живеет едни покрај други отколку едни со други. Етничките тензии повторно растат. Во пролетта 2015 година повеќе од 20 луѓе загинаа во вооружените престрелки меѓу полицијата и вооружени Албанци на северот на земјата во Куманово. Нивната заднина до денес не е разјаснета. Таткото на еден од убиените го критикува лидерот на Албанците, Али Ахмети:  'Ахмети го уби мојот син. Тој го инсценираше инцидентот во Куманово и поради тоа носи на совест осум македонски синови. Тој остави мајки без синови, жени без мажи и деца без татковци. Убиените македонски полицајци беа наши синови. Овој подмолен човек ги носи на совест. Тој веќе не е добредојден ни во Куманово, ниту во Македонија'.

Партијата на Албанците на Ахмети беше коалициски партнер на партијата на Груевски, ВМРО. На етничката карта игра и Албанската алијанса на чело со Зијадин Зела: ' Ние бараме мешана етничка држава: или целосна рамноправност на Албанците и христијанските Македонци, или обединување на сите Албанци преку федерализација.'

Масло на огнот налева и партијата на екс-премиерот Груевски. Таа на изборната листа го стави поранешниот полицаец Јохан Тарчуловски- осуден воен злосторник. За време на кратката војна во 2001 година полициската единица под команда на Тарчуловски во едно албанско село кај Скопје убила шест луѓе, а тешко малтретирала повеќе од 100“, се вели во прилогот на Дојчландфунк.

 

DW.COM

Реклама