Македонија е мултиетничкa, но тоа некој не сака да го види | Македонија | DW | 26.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија е мултиетничкa, но тоа некој не сака да го види

Соживот, еднакви права, подобро образование и повеќе работни места - ова се дел од клучните работи кои се значајни за младите луѓе. Невработеноста, владеењето на правото и слабиот квалитет на образованието, се приоритети

Македонија веќе е мултиетничко општество, но тоа некој не сака да го види, велат студентите од повеќе факултети со кои разговаравме деновиве. Долготрајната политичка криза во земјата, сиромаштијата, корупцијата, бесперспективноста... тоа се проблемите кои најчесто беа наведувани од младите во нашата мини-анкета.

Дел сметаат дека владеењето на правото и борбата против корупцијата се клучни за решавање на проблемите, а преку нив ќе се надминат и меѓуетничките тензии.

Еве што мислат студентите за тоа кои се најголемите проблеми со кои се соочуваат во Македонија и дали решавањето на меѓуетничките прашања треба да имаат предност пред другите проблеми со кои се соочува државата:

Гледај видео 10:41

Младите не сакаат поделено, туку мултиетничко општество

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама