Македонија во очи Безбедносниот форум на НАТО | Македонија | DW | 27.06.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија во очи Безбедносниот форум на НАТО

Очекувањата од Форумот на НАТО се различни. Експертите бараат ангажман и на граѓаните.

default

Охрид ги дочекува гостите

За Македонија е голема чест можноста да организира собир од таков меѓународен карактер и ќе се потруди да се претстави во најдобро можно светло, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски за НАТО Самитот што утре почнува во Охрид.

„Очекуваме Македонија да го покаже својот кaпацитет да организира таков форум на кој ќе се дебатираат теми од глобално значање, Авганистан, безбедноста и енергијата и секако регионалните предизвици поврзани со прашањето на Косово. Очекуваме тоа да биде уште еден придонес за подобро запознавање на нашата земја која е сериозен кандидат да стане членка на НАТО.“

Опозицијата не е поканета на форумот на евроатланско партнерство

За СДСМ е неприфатливо што меѓу учесниците не се членовите на парламентарното собрание на НАТО, ниту пак бившите министри за надворешни работи кои се избориле Охрид да биде домаќин на Самитот, вели Јани Макрадули од раководството на оваа партија.

„Таквиот однос кон опозицијата очигледно меѓународниот фактор го праќа како порака што четвртиот ред на ниво доаѓа од САД.“

Различни проценки за евроатланските перспективи

Синоќа во лајф магазинот Чуму власта и опозицијата настапија со различни проценки и за евроатланските перспективи на Македонија. СДСМ критикува дека власта ја маргинализирала европската агенда, владата најавува засилено темпо.

„Апсолутно ЕУ агендата не е на владината агенда како приоритет. НАТО како обработена работа им беше полесно и со помалку напор да ја преземе владата, и затоа се реши за такво нешто. За жал и таква една добиена позиција успеа влада да ја расклима.“ вели Макрадули. Министерот за надворешни работи Милошоски пак со став

„Јас сум оптимист во однос на евро-интеграциите. Реално е, би било не реално да кажам дека Хрватска не е пред нас, имаат отпочнато преговори, отворени неколку поглавја, две се веќе затворени. Ние би сакале и ќе вложиме напори да стигнеме до тоа ниво и повеќе. Во однос на НАТО сигурен сум дека стоиме пред најсериозната шанса да добиеме покана.“

Експертите со свои пораки

Експертите имаат други пораки за граѓаните и очекувања што треба да и донесе на Македонија евроитегративниот процес. За професорот Денко Малевски е најважно: „Да научиме да не возиме на црвено светло. Да научиме да ги чистиме улиците. Да научиме да ги исчистиме институциите политички. Да ги ослободиме од една ориенталена итроштина. Да се сврти власта кон народот, да ги решава неговите проблеми. Сите тие работи кои не прават компатибилни со Европа.“

Аналитичарот Суат Мисини вели „Луѓето конечно мора да сфатат дека ќе влеземе во Европска унија кога ќе станеме малце поразвиени од сега, а нема да станеме развиени кога ќе влеземе во ЕУ.“

Македонија е земја кандидат за членство во Европската Унија од декември 2005. Наесен го очекува извештајот на Европската комисија што веројатно попрецизно ќе ја одреди динамиката на натамошното приближување, а идната година напролет земјата очекува да добие покана за членство во НАТО.

Реклама