Македонија без финале и во Диселдорф | Панорама | DW | 13.05.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Македонија без финале и во Диселдорф

Четврта година по ред Македонија нема среќа со Изборот за песна на Евровизија. На втората полуфинална вечер во Диселдорф, Влатко Илиевски не успеа да се пласира во финалето со песната „Русинка“.

default

Влатко Илиевски

Листата учесници во големото финале на Евровизија е комплетирана. Синоќа во Диселдорф беа избрани преостанатите десетмина учесници. Од вкупно 19 земји, пласман во утрешната финална вечер обезбедија: Австрија, Босна и Херцеговина, Ирска, Шведска, како и претставниците на Естонија, Романија, Молдова, Украина, Словенија и Данска. Разочарани останаа претставничките на Бугарија и Израел, чие место меѓу 25 најдобри се чинеше загарантирано.

Eurovision Song Contest Düsseldorf Deutschland 2011 Zweites Halbfinale Flash-Galerie

Заедничко славје на прекрасната сцена во Диселдорф на победниците од второто полуфинале

Се` се менува, добриот настап останува

На прес-конференцијата по завршувањето на полуфиниалето доминираа претставниците на Ирска, диниамичните близнаци од дуото Џером.

„ Многу е кул кога на Гугл ќе го напишете сопственото име и излегуваат толку многу резултати од пребарувањето“, беше првата изјава на близнаците Џон и Едвард. Новинарите сакаа да знаат како тие проценуваат изгледите за успех и во финалето. Тие одговараат:

„Сите ни велат да бидеме луди и да се забавуваме“.

Eurovision Song Contest Düsseldorf Deutschland 2011 Zweites Halbfinale Irland Flash-Galerie

Претставниците на Ирска

Веднаш до Џером од Ирска седеше Дино Мерлин од Босна и Херцеговина. Со песната Love in rewind, тој по вторпат ја претставува својата земја на Евровизија. Неизоставно беше прашањето што се сменило во периодот меѓу неговиот прв настап во 1999 и денес:

„Многу работи се сменети, Евровизија е огромна продукција. Се` се менува, меѓутоа едно останува исто – мора да имате добра изведба и добра песна“, нагласи босанскиот претставник.

Меѓу останатите десетмина финалисти е и претставникот на Шведска, Ерик Саде, на кој исто така му се припишуваат големи шанси за победа. Кулминацијата на неговиот настап е моментот кога тој крши стакло на сцената, што не секогаш функционираше за време на пробите. Претставник од тимот на Ерик објаснува на што се должело тоа:

„Проблемот настана кога техничарите го носеа стаклениот кафез на сцената. Откако сфативме каде е проблемот, го отстранивме и се` помина добро, а во финалето ќе биде уште подобро.“

Eurovision Song Contest Düsseldorf Deutschland 2011 Zweites Halbfinale Bosnien Flash-Galerie

Претставникот на Босна и Херцеговина, Дино Mерлин

Македонскиот тим допрва ќе анализира

Вчерашните десет земји ќе им се придружат на претходно избраните десет и на „големата петорка“, односно петте земји кои секоја година директно се пласираат во финалето. За победникот на Евровизија одлучува стручно жири и се разбира гледачите во сите земји-учеснички на Евровизија.

Македонскиот тим допрва ќе треба да ги сумира впечатоците и да заклучи каде биле недостатоците во обидите македонската музика да и` се допадне на европската публика.

Автор: Трајче Тосев

Редактор: Симе Недевски