Мадуро сака да разговара со опозицијата | Свет | DW | 30.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Мадуро сака да разговара со опозицијата

Венецуелскиот претседател Мадуро ѝ нуди разговори на опозицијата, но со присуство на медијатори.

„Подготвен сум да седнам на маса со опозицијата за во име на доброто на Венецуела да водам разговори за мир и за иднината“, изјави венецуелскиот претседател Николас Мадуро за руската државна новинска агенција Риа Новости. Тој смета дека разговорите треба да се водат со медијатори. Мадуро дава и уверување дека би поддржал одржување нови избори. Во интервјуто за Риа Новости, венецуелскиот претседател вели дека армијата е лојална кон институциите на државата. Што се однесува до санкциите на САД против државната нафтена компанија на Венецуела - ПДСВА, Мадуро оцени дека се нелегални.

Повеќе: Какви се интересите на Русија во Венецуела

Русија вчера изрази стравување дека Венецуела може да има проблеми да ги врати долговите. Мадуро во интервјуто сега уверува дека земјата ќе си ги исполни обврските кон Русија и Кина.

Руската агенција Спутник денеска го цитира Мадуро со зборовите дека рускиот претседател Владимир Путин ѝ помогнал на Венецуела во секој поглед.

Русија, како и Кина, ги критикуваше последните американски санкции против Венецуела и на владата на Мадуро ѝ вети своја поддршка.

Повеќе: САД сакаат режимот на Мадуро да „искрвари“

Венецуела е соочена со борбата за власт на Мадуро и лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, кој неодамна самиот се прогласи за преоден претседател. Гуаидо, кој ја има поддршката на САД, ги повика своите приврзаници на нови поротести проти  владата. За денеска и за викендот се закажани централни демонстрации. Претходно Врховниот суд на Венецуела му забрани на Гуаидо излегување од земјата и му ги замрзна сметките.

 

DW.COM

Реклама