Мадуро нареди ревидирање на односите со САД | Свет | DW | 23.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Мадуро нареди ревидирање на односите со САД

Претседателот на Венецуела реагира на изјавата на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој го нарече диктатор и ѝ вети поддршка на опозицијата. Покрај тоа Мадуро ги обвини САД за поттикнување на државен удар во Каракас.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ја обвини американската влада дека наредила „фашистички државен удар“, по спречување на воена побуна и непосредно пред демонстрациите кои за денеска ги закажаа и противниците и симпатизерите на власта.

Мадуро во обраќањето кое вчера беше пренесено на телевизија, побара од шефот на дипломатијата Хорхе Ареас „целосно да ги ревидира односите“ со Вашингтон. Неколку часа подоцна, министерот за телекомуникации Хорхе Родригес го обвини американскиот потпретседател Мајк Пенс дека им наредил на „терористи“ да предизвикаат насилство за време на протестот на опозицијата и така да ја дестабилизираат социјалистичката влада на Венецуела. 

Според зборовите на министерот, во понеделникот 27 војници се уапсени откако се побунија против претседателот и им предадоа на опозициските активисти украдено оружје за да „има насилство, ранети и мртви за време на протестите“.

Родригез овие активисти ги опиша како „цивили кои припаѓаат на терористичката ќелија Волунтад популар“, партијата на затворениот опозиционер Леополд Лопез и на претседателот на парламентот Хуан Гуаидо.

Повеќе:

-Венецуела на најдобар пат до вонредна состојба

-Драматични мерки во Венецуела

-Венецуела на чекор до имплозија

Како што наведе, планот бил лицата да се облечат во воени униформи „утре изутрина (денеска) и да пукаат на опозициските демонстранти“. „А зошто? За да извршат наредба од Мајк Пенс“, рече Родригез. Пенс вчера ја поддржа венецуелската опозиција во барањата за преодна влада и нови слободни избори.

Според него, од 51 парче украдено оружје 11 не се пронајдени и вратени и би можеле да бидат искористени, против демонстрантите.

Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, исто така, го нападна Пенс, кој, според нејзините зборови, „сака да управува со Венецуела давајќи иструкции за тоа што утре ќе се случува, повикувајќи на државен удар“.

САД, ЕУ и повеќе латиноамерикански земји не го признаваат вториот мандат на Мадуро кој започна на 10 јануари.

DW.COM

Реклама