Мадрид ќе ѝ ја укинува автономијата на Каталонија | Свет | DW | 19.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мадрид ќе ѝ ја укинува автономијата на Каталонија

Шпанската влада за в сабота планира вонредна седница и одлука за примена на членот 155 од Уставот, кој предвидува одземање на автономните права и ставање под централна управа

Каталонската влада се оглуши и на вториот ултиматум на централната влада за јасно изјаснување околу независноста, кој истече денеска во 10 часот. 

Во писмо испратено до централната влада во Мадрид, каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон единствено соопштува дека ако Мадрид и натаму го ингнорира барањето за дијалог, регионалниот парламент во Барселона може да прогласи независност.

Од владини извори во Мадрид пак се дознава дека централната влада за в сабота планира одржување вонредна седница, на која ќе се разгледува новонастанатата ситуација и ќе се донесе одлука околу идните чекори. Притоа, владата размислува околу активирање на членот 155 од Уставот, што може да води кон обезвластување на регионалната влада во Барселона. 

Spanien Carles Puigdemont Premier der Regionalregierung (Reuters/I. Alvarado)

Карлес Пуџдемон го игнорира ултиматумот од Мадрид

Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон до денеска до 10 часот имаше рок да ја расчисти дилемата - дали регионот прогласи независност или не. Со оглед на тоа што Пуџдемон и во најновото писмено соопштение до Мадрид не дава недвосмислен одговор, на Каталонија ѝ се заканува загуба на автономниот статус. Шпанскиот устав не предвидува можност за отцепување на делови од земјата. По референдумот за независност на Каталонија, одржан на почетокот на октомври, кого централната влада не го признава, Пуџдемон не прогласи веднаш независност, туку одлуката ја стави на мраз. Поради тоа, шпанската влада од него во два наврати побара јасно да се произнесе - дали Каталонија прогласи независност или не.

 

DW.COM

Реклама