Луѓето се сè потолерантни кон воените злосторства | Свет | DW | 17.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Луѓето се сè потолерантни кон воените злосторства

Истражување на Црвен Крст: генерално, испитаниците ги отфрлаат воените злосторства, но на одредени места бројот на луѓе кои сметаат дека тортурата и бомбардирањето на цивили е легитимно е зголемен во однос на 1999 година

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ) спроведе истражување во 16 земји на примерок од 17.000 испитаници за нивните мислења и ставови на прашања поврзани со војните. Истражувањето именувано „Луѓе во војна“ покажува силни разлики помеѓу јавното мислење од една страна и политиките и акциите на државите и воените групи од друга страна, тоа е особено забележливо кај постојаните членки во безбедносниот совет на ОН.

ДВ: Кои се најзагрижувачките наоди од извештајот?

Еван Вотсон: Луѓето се согласуваат дека војувањето треба да има лимит, но доколку ги прашате специфини прашања станува потешко да сфатат што би требало да биде вистинскиот одговор. Еден пример е фактот што 36 проценти од испитаниците сметаат дека е во ред да се врши тортура врз заробените противници, покрај фактот што тоа е спротивно на меѓународното право. Само 40 проценти од испитаниците во САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина сметаат дека е погрешно да се напаѓа непријателот во населени места, знаејќи дека многу цивили ќе бидат убиени.

Како ја објаснувате промената на јавното мислење?

Со сликите кои преку интернетот ги добиваме од фронтовите од целиот свет, ние кои се наоѓаме во земји кои не се погодени од војна, сме дистанцирани од реалноста на човечкото страдање. Луѓето мора да ја задржат емпатијата и да не „отапат“ на  она што се случува на фронтот. Исто така, важно е политичарите да избегнат реторика со која го демонизираат непријателот. Наместо тоа, мораме да се потсетиме дека непријателот е сепак човечко суштество и заслужува да биде третиран соодветно.

Како реториката на „војна против теророт" се одрази врз јавното мислење за тортурата?

Тоа дефинитивно стана дел од популарната култура. Доколку гледате филмови кои покажуваат чин на тортура, на пример часовник на темпирана бомба која отчукува, се прикажува дека мора да се врши тортура врз некој за да открие информација која може да спречи нешто трагично да се случи. Тоа креира рационална рамка за вршење на тортура. Спротивно на тоа, истражувањата покажуваат дека тортурата не е соодветен метод за обезбедување на валидни информации. Тоа само креира доживотни непријатели. Во некоја смисла иронично е тоа што луѓето се отворени кон идејата за тортура, што всушност креира омраза потенцијална одмазда. Тоа всушност креира маѓепсан круг.

Меѓународното хуманитарно право треба да ги ограничи државните и недржавните актери во војните да не ги напаѓаат јавните инфраструктурни објекти, како на пример здравствените установи. Но, токму тоа го гледаме на дневна основа во Сирија, Јемен, Авганистан и други места. Како може меѓународното хуманитарно право да стане

повеќе применливо?

 

Државните и недржавните групи мораат да сфатат дека правото нема да ги сопре да победат. Правото не е ограничување да се победи во одредена битка, па дури и вјна. Напротив, тоа креира рамка. На сите ни е потребна рамка во животот, ако немате рамка, што останува? Особено во војните, што ви останува? Ви останува комплетен хаос и неказнивост. Кога го дискутираме ова со сите групи и држави, воочуваме дека постои свесност за неопходноста од таква рамка.

Треба да се вложат повеќе напори за да се изнајдат начини да се почитува правото. Тоа води кон разбирањето дека: а) правото не ве ограничува да победите и б) помага за рехабилитација на земјата по војната бидејќи доколку одредени прекршувања биле избегнати, доколку законот бил почитуван, тогаш е полесно да се врати мирот затоа што чувството на омраза и одмазда не е на високо ниво. За нас е важно да ги убедиме луѓето за вредноста на ова право и да ги убедиме државите да застанат зад него и да ја сфатат вредноста и корисноста од него. Студијата јасно покажува дека луѓето гледаат корисност во тоа војната да има граници. Ние велиме дека државите треба да реагираат соодветно на тоа.

Еван Ватсон го води одделот за комуникации со јавноста во ИЦРЦ во Женева. Интервјуто го водеше Винсент Хејгс

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама