Луфтханза е најголемата германска авиокомпанија и една од најголемите во Европа со седиште во Келн.
Освен сопствените услуги, Луфтханза поседува и мрежа од подружници и компании во други европски земји. Компанијата е основана во 1953 година, а со летови започнува од 1955 година. До 1994 година во посед на државата, а во меѓувреме акционерско друштво во кое 68,6 отсто од акциите ги поседуваат германски акционери. Заклучно со 2016 година, Луфтханза имала речиси 125 илјади вработени и годишен обрт од околу 31 милијарди евра.