Лутер, црквата и реформацијата во новото време | Свет | DW | 31.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лутер, црквата и реформацијата во новото време

Германија, земја на реформацијата? Тоа беше некогаш. Мнозинството протестанти денес живеат во Африка, Азија и Латинска Америка. Спорот околу наследството на Лутер мора да се води таму.

Во почетокот беше Словото. Познатата реченица од преводот на Библијата што го направи Мартин Лутер можеше да биде мото на јубилејната година на реформацијата. Конечно, реформацијата и беше предизвикана од тезите на Мартин Лутер пред 500 години.

Но, се случи нешто друго. Јубилејот поттикна големи надежи и соништа, зашто Мартин Лутер се покажа како извонредно погоден за реклама. Којзнае, можеби јубилејот во Германија може да предизвика нова реформација и на црквите да им донесе неочекувано многу верници?

Од големата надеж се изроди одушевеност. Не само една година, не - јубилејот 500 години реформација овде треба да се слави десет години. Евангелистичката црква во Германија во 2007 година прогласи „Декада на Лутер“.

Протестантското отрезнување

Надежта во меѓувреме му отстапи место на протестантскот отрезнување. Не се случи реформаторска обнова. Бројот на христијаните во татковината на Лутер и натаму се намалува. Лутеровата богобојазливост, неговата радикалност и повик за доживотно покајание на многу луѓе во Германија им делуваат далечно и чудно.

И покрај тоа што во 2016 година првпат по долго време во евангелистичката црква се зачлениле повеќе луѓе отколку што ја напуштиле, тоа не го намалува горчливото сознание дека уделот на протестантите во Германија по обединувањето паднал од 36 на 26 проценти.

Полека на површина излегува и сознанието дека и прославата на ваков епохален јубилеј, како 500 години реформација, не може да опстои цела декада. Организаторите, пред сѐ Евангелистичката црква на Германија, се префорсираа.

Kommentarbild Astrid Prange (DW/P. Böll)

Астрид Пранге

Харизматични и радикални

И тоа не е сѐ. Тие премалку го зедоа предвид важниот тренд на „граѓанката на светот - реформацијата“, зашто протестантското обновување денес не се одвива во Германија, туку сосема на друго место и поинаку отколку што се мислеше.

Според наводи на „Центарот за истражување на глобалното христијанство“, во Африка денес живеат 228 милиони од вкупно 560 милиони евангелисти. Околу 130 милиони живеат на американскиот континент, околу 100 милиони во Азија, а околу 90 милиони во Европа.

Вкупно, ширум светот како христијани се изјаснуваат 2,3 милијарди луѓе, од кои две третини живеат во Азија, Африка и Латинска Америка. Мнозинството од нив се католици. Но, во овие региони во пораст се евангеликални (кои се конзервативни и не треба да се изедначуваат со евангелистички, н.з.) и пентекосталистички струења кои, за разлика од германскиот протестантизам, словото божјо го интерпретираат теолошки ригорозно и политички конзервативно.

Контрареформација во Лагос?

Гледај видео 01:05

#ДневенДрон: Лутеровата куќа во Ајзенах

Оваа нова конзервативна реформација ќе стигне и во Европа. Како црквите во Германија треба да реагираат? Што би рекол Лутер за ваквиот вид „реформација“? Би го поздравил ли воопшто ригорозното интерпретирање на Библијата?

Наместо по 500 години сѐ уште да се занимаваат со католичката црква и папата, протестантите денес треба да стават вето на нововременските проповедници на проштевање на гревовите, оние кои најавуваат т.н. евангелизам на благосостојба или пропаст на светот.

Германија е теолошки добро поткована за ваква дебата, зашто во меѓународни рамки припаѓа кон водечките земји во сферата на теолошките науки. А општествената втемеленост на протестантизмот и натаму е белег на полтичката култура, иако релгииозноста и вербата во Бога исчезнуваат.

Време е за враќање кон Лутеровите почетоци: „Во почетокот беше Словото“. Теолошкиот спор околу „старата“ и „новата“ реформација не треба да се води само во Германија, туку и во Лагос, Сеул и Сао Паоло. Во една од овие метрополи би требало да се одбележи и наредниот јубилеј на реформацијата.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама