Лош ден за Трамп: Менафорт и Коен се виновни | Свет | DW | 22.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Лош ден за Трамп: Менафорт и Коен се виновни

Притисокот врз американскиот претседател се зголемува. Двајца од некогаш најблиските соработници на Трамп се соочени со затвор.

Поранешниот менаџер на кампањата на американскиот претседател Трамп, Пол Менафорт, е прогласен за виновен по осум од вкупно 18 точки од обвинението за затајување данок и банкарска измама. Поротниците во Александрија ја соопштија одлуката по повеќедневно заседавање. За останатите точки од обвинението не можеле да постигнат единствен став,

Ова е прва пресуда поврзана со истрагата на американскиот специјален иследник во аферата околу Русија, Роберт Милер. Меѓутоа, постапката не беше поврзана со обвинувањата против Менафорт во однос на неговата дејност како менаџер на изборната кампања на Трамп во 2016 година.

USA - Ermittlungen zur Russland-Affäre - Paul Manafort (picture alliance/AP/P. Martinez Monsivais)

Пол Менафорт тврди дека е невин

Обвинителството го товари за „планина од лаги“ со цел да ја сокрие милионската заработувачка од дејноста како советник на политичари во Украина кои се пријателски настроени кон Русија во периодот од 2004 до 2014 година, значи во периодот пред да стане шеф на кампањата на американскиот претседател. Меѓу политичарите во Украина кои добивале совети од Менафорт е и во 2014 година соборениот украински претседател Виктор Јанукович.

Менафорт, според обвинителството, сокрил повеќе милиони долари на 31 странски банкарски сметки, посебно на Кипар, со цел да затаи данок во САД. 69-годишниот Менафорт пред судот изјави дека не се чувствува виновен. Нему му се заканува затворска казна која би можела да го однесе зад решетки до крајот на животот. Од септември на Менафорт ќе му се суди во уште еден случај, во кој е обвинет за перење пари, лажна изјава и криминален заговор.

USA - Ermittlungen zur Russland-Affäre - Trumps Ex-Anwalt Michael Cohen (Reuters/B. McDermid)

Мајкл Коен призна вина

„Чистачот“ го турка Трамп в ќоше

И додека Менафорт тврди дека е невин, поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, призна вина пред судот во Њујорк. Таканаречениот „личен чистач“ на американскиот претседател призна дека за време на изборната кампања им платил пари на две жени во замена за нивниот молк. Коен не го спомна името на Трамп, но рече дека дејствувал по налог на „еден кандидат“.

Аферата околу плаќањето пари во замена за молчење за порно-актерката Сторми Даниелс и поранешната плејмејт-девојка Карен Мекдугал со тоа добива нов, драматичен пресврт. Коен, кој неодамна во интервју изјави дека е лојален кон своето семејство и својата земја, го товари Трамп, кој една деценија беше негов шеф. Иако сѐ уште не се наѕираат можни последици за американскиот претседател, ова е нова храна за гласините околу евентуален импичмент.

DW.COM

Реклама