Лондон отстапува делумно од тврдиот Брегзит-курс | Свет | DW | 07.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Лондон отстапува делумно од тврдиот Брегзит-курс

По повеќемесечни натегања, британската влада постигна согласност околу планот за односите со ЕУ по Брегзит.

Инциденти, оставки, револт - се стравуваше од многу работи. Но, ништо од тоа не се случи во текот на маратонската седница на британската влада за новата стратегија за Брегзит. Во нејзиното срце - зона на слободна трговија со ЕУ. Велика Британија сака и по излезот од ЕУ да остане тесно врзана со европскиот внатрешен пазар. Со тоа би требало да се спречат последици по прекуграничната трговија и синџирите на снабдување меѓу Велика Британија и континентот. За сѐ да функционира како што треба, според замислата на Лондон, Велика Британија ви требало да усвои „заеднички правила“, односно да ги преземе прописите и стандардите на ЕУ. Со тоа, владата во Лондон далумно отстапува од својот тврд Брегзит-курс.

Во делот на останатите слободи, во сферата на капиталот, работната сила и услугите, ќе има ограничувања. На тој начин Британците сакаат да спречат непречен влез на ЕУ-граѓани и имаат намера да одат по свој пат во секторот на услужна дејност. Притоа, јасно им е дека нивните банки и осигурувања можби нема веќе да имаат непречен пристап до внатрешниот пазар на ЕУ.

Повеќе: Лондон има термин за излез од ЕУ

Британската влада во текот на наредната недела би требало да објави опширен документ за новите позиции во разговорите со ЕУ. Главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, вчеравечер на Твитер напиша дека се радува на деталните планови и најави дека предлозите ќе бидат разгледани и анализирани дали се реални и спроведливи.

Прашање е дали телата на ЕУ ќе се согласат со ова. Досега ЕУ беше на став дека за четирите слободи на внатрешниот пазар не може да се преговара одвоено.

Großbritannien Theresa May bespricht Brexit Pläne mit dem Kabinett (Reuters/MOD/J. Rouse)

на маратонската седница на учесниците им беше забрането користење мобилни телефони

Истапување од царинската унија

Лондон и натаму е на став дека треба да се истапи од Европската царинска унија, за земјата да може да склучува сопствени трговски договори со трети држави, како САД и Кина. Сепак, гранични контроли меѓу британската Северна Ирска и ЕУ-членката Ирска треба да бидат избегнати. Тоа Британците сакаат да го прават со две царински стапки: една за стоки наменети за европскиот пазар, а друга за стоки кои би требало да се продаваат во Велика Британија. Во тој дел се очекуваат задршки од страна на Брисел.

Меј по маратонската седница, на која на учесниците им беше забрането користење мобилни телефони, изјави: „Во опширните дискусии владата денеска ја усогласи позицијата за преговорите со ЕУ“.

Повеќе: Брегзит: Изгубена година

Несогласувањата во британската влада сѐ повеќе ги оптоваруваше разговорите со Брисел. ЕУ се жалеше дека Велика Британија на девет месеци пред Брегзит сѐ уште нема јасна преговарачка цел.

DW.COM

Реклама