Лондон гори! | Панорама | DW | 05.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Лондон гори!

Огромна дрвена реплика на Лондон од 17. век беше запалена во реката Темза во рамките на комеморацијата од големиот пожар кој го уништи градот пред 350 години.

Огромната инсталација која беше изработувана два месеци беше запалена во рамките на проектот кој ја раскажуваше историјата на Лондон.
Инферното траеше четири дена и го уништи речиси целиот град, чии куќи во тоа време беа од дрво. Тоа го отвори патот за голема реконструкција вклучително и изградбата на катедралата на Св. Павле.

Гледај видео 01:22

Лондон гори!

Уништени беа повеќе од 13 илјади домови, бизниси и структури, меѓу нив и старата катедрала на Св. Павле.
По пожарот во 1666 година, во главниот град на Британија почна да се користи исклучиво камен за изградба на објекти, а беа воспоставени и противпожарна служба и осигурителна индустрија.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама