Лица и настани: 29 години независност | Сите содржини | DW | 08.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Северна Македонија

Лица и настани: 29 години независност

На 8 септември 1991 година Македонија ја прогласи својата независност. Резултатите од референдумското изјаснување јасно и недвосмислено ја покажаа волјата на мнозинството граѓани да живеат во сопствена држава.

Почетокот го красеше голем ентузијазам, но и страв поради крвопролевањата кои се одвиваа во другите поранешни југословенски републики. Следуваа години на неизвесност, проследени и со грчкото економско ембарго како резултат на спорот околу името. Спорот во меѓувреме е надминат, а земјата официјално има ново име- Северна Македонија. На 29 годишнина од независноста, Северна Македонија е членка на НАТО и очекува наскоро да започнат преговори за членство во ЕУ. 
 

Прочитај го и ова