Лицата на „Шарената револуција“ | Северна Македонија | DW | 22.04.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Лицата на „Шарената револуција“

Со денови граѓаните протестираат во рамките на популарната „Шарена револуција“. Бараат правда, слобода и еднаквост низ улиците на Скопје и други градови. Ви претставуваме дел од учесниците во „Шарената револуција“.

Бранимир Јовановиќ, економски аналитичар и истражувач:

Mazedonien Anti-Regierungsproteste in Skopje

Бранимир Јовановиќ

„Шареноликоста на протестите е дел од истата оваа приказна. Ние, протестирачите самите сме „шарени“ - од различни етнички потекла, возраст, род и останати припадности. Боите се нашиот одговор на сивилото кое оваа власт со години го наметнува. Како што во Албанија ги боеја бункерите, по паѓањето на Енвер Хоџа, така ние ги боиме „бункерите“ кои Груевски и неговата банда ги направија. Бункерите, во кои ја заробија слободната мисла, бункерите, во кои ги скрија милијардите кои ги украдоа во текот на овие десет години. Тие ни диктираа едноумие, ние им враќаме со шареноликост. Тие ни форсираа униформираност, ние враќаме со разновидност.

Дамир Незири, активист од Тетово:

Mazedonien Proteste in Skopje - Damir Neziri

Дамир Незири.

„Протестирам за правда и затоа што не прифаќам земјата каде живеам и каде живеат луѓето кои ги сакам да станат неправедни. Протестирам затоа што не прифаќам неказнивост за криминал, сите сме индивидуалци и мора да одговараме за нашите постапки, а истото важи двојно за политичарите. На крајот протестирам за слобода, исто така и затоа што слободата е секси“.

Јасмина Стојковска, демонстрант од Скопје:

Mazedonien Jasmina Stojkovska in Skopje

Јасмина Стојковска

„Скопје се разбуди, Скопје никогаш не било вакво. Излегов на протест затоа што десет години веќе живееме во страв, направија помеѓу нас поделби од секаков вид, почнувајќи од етнички, секакви поделби. Ја задушија слободата кај народот, народот не може да дише, се плаши, во секој чекор страв гледате во очите. Конкретно секако не поттикна претседателот и неговата аболиција. Ние тргнавме и нема застанување, чекориме и одиме понатаму“.

Коста, анархист:

Mazedonien Kosta in Skopje

Коста

„Слободарската мисла која се залага за намалување на државната моќ и државниот апарат, бидејќи колку тој е поголем, слободата е помала. Би сакале институционалната моќ да е помала, а слободата на индивидуата да биде поголема. Во ова општество такво нешто не доживеавме, баш напротив, доживеавме општество во кое се гази индивидуата. Сепак наше прво и основно барање е оваа гарнитура да си даде веднаш оставка

Благица Петрова, активист на студентската организација „Излез“:

Mazedonien Blagica Petrova in Skopje

Благица Петрова

„Јас сум овде бидејќи не сум задоволна со оваа Влада, не сум задоволна со здравствениот систем и образовниот систем, состојбата со човековите права кои важат само на хартија, не сум задоволна со насилните механизми за избори и целиот систем. Во целиот овој процес на граѓанско будење за среќа гледам голем оптимизам кај луѓето. Имавме пракса да ги поврзуваме протестите со негативни емоции, но за прв пат сега имаме оптимизам. Диверзитетот и боите говорат за луѓе во оваа земја кои сакаат промени. Ние веруваме дека промената е возможна доколку сите заедно стоиме на улиците овде и сега“.

Марија Тошева, граѓанка:

Mazedonien Marija Tosheva in Skopje

Марија Тошева

„Протестирам против криминалот, корупцијата и неправдата. Протестирам против шака политичари кои стануваат се побогати преку криминални проекти, додека се кријат позади национализам, теории на заговор и пропаганда. И протестирам затоа што сакам да живеам во земја каде здравствениот систем лечи, образовниот систем образува, правниот систем носи правда и законите се креирани за луѓето, не против нив“.

Гоце Маркоски, член на партијата „Левица“:

Goce Markoski Mitglied der Linke Partei Mazedonien

Гоце Маркоски

„Ние сме решени да истраеме во нашата намера и нашата битка. Мора да бидат повлечени некои одлуки кои се еднострано донесени. За нас е апсолутно неприфатлива одлуката на претседателот Иванов да ги привилегира политичарите и да ги амнестира кога имаме индиции за тешки криминали од прислушуваните материјали. Шареноликоста на протестите е во насока на зближувањето и застанувањето зад цели кои што ни се заеднички на сите нас и само така би можеле да ги оствариме и да дојдеме до промените кои што ни се во интерес на сите, независно од етничката, верската или политичката афилијација“.

Реклама