Лизгање на земјиштето во Калифорнија однесе 13 животи | Свет | DW | 10.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Лизгање на земјиштето во Калифорнија однесе 13 животи

Најмалку 13 лица загинаа во лизгање на земјиштето во Калифорнија предизвикано од обилни дождови.

По обилниот дожд и силната бура на југот на Калифорнија, од лизгање на земјиштето загинаа најмалку 13 лица. Дејв Занибони од Службата за заштита од пожари во Санта Барбара изјави дека телата се пронајдени во калта северозападно од Лос Анџелес.

Лавината од кал откорна од темели и уништи повеќе куќи. Има лица кои се водат како исчезнати. Во многу места жителите беа евакуирани со хеликоптери од своите домови. По повеќе часови минати во кал, од една разурната куќа е спасено 14-годишно девојче. „За момент си помислив дека сум мртва“, изјави девојчето за телевизијата КНБЦ.

Властите наредија евакуација во Санта Барбара, Вентура и Лос Анџелес, но како што се вели, во Санта Барабара не се евакуирале ниту една петтина од жителите. Спасувачките екипи во текот на вчерашниот ден расчистуваа отпад од важниот автопат 101, каде сообраќајот беше во прекин поради катастрофата.

Во регионот во текот на минатиот месец беснееше шумскиот пожар „Томас“. По големите пожари, како што се вели, немало веќе што да ги задржи калта и водата.

Гледај видео 01:17

Свлечишта во Калифорнија

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама