Лидл не планира да се шири во Северна Македонија | Економија | DW | 09.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Лидл не планира да се шири во Северна Македонија

По бројните шпекулации во дел од македонските портали, од прес-центарот на Лидл за Дојче веле објаснуваат дека засега немаат планови за ширење на бизнисот во земјата.

Лидл не планира отворање супермаркети во Северна Македонија, ниту пак засега постои план за ширење во земјата, велат од еден од најголемите трговски синџири во Германија и Европа за Дојче веле.

Деновиве во македонската јавност проструи веста дека Лидл уште годинава ќе отвори супермаркет во земјата. Од Лидл велат дека тоа не е точно.

„Лидл постојано ги анализира можностите за експанзија. Но во моментов нема никакви планови за влез на пазарот во Северна Македонија“, се вели од прес-службата на компанијата.

Лидл во моментов има маркети во 29 земји во Европа и во САД. Последната голема експанзија на компанијата беше во 2018 во соседна Србија, каде досега се отворени 41 маркети. Синџирот поседува повеќе од 10 илјади супермаркети во речиси сите земји членки на ЕУ, како и во Србија и Велика Британија. Во регионот, освен Северна Македонија, Лидл нема уште и во Албанија, Косово и Црна Гора.

 

Реклама