Лидерска средба | Македонија | DW | 09.01.2009
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Лидерска средба

Во Скопје се одржува средба на лидерите на партиите од власта и опозицијата. Единствена точка на дневен ред се претседателските и локалните избори. Земјата мора да покаже оти може да организира фер и демократско гласање.

default

Скопје

Претседателските и локалните избори најверојатно ќе бидат одржани на 22 март. Партиите се’ уште не ги откриваат имињата на кандидатите за идниот шеф на државата. Засега во центарот на вниманието е организацијата на фер и демократски избори.

„Како клучно прашање се наметнуваат изборите, да имаме фер и демократски избори, избори како што и’ прилегаат на Република Македонија, избори како што и’ прилегаат на земја-кандидат за членство во Европската унија“, кажа Ивица Боцевски, вицепремиер за евроинтеграции, посочувајќи ги изборите како врвен владин приоритет од Европската агенда.

И опозицијата смета дека изборите се клучни: „Најважна тема во политичкиот дијалог во идниот период на оваа и сите идни лидерски средби е создавање услови за фер и демократски избори. Ние ќе инсистираме ова да биде главна тема на сите понатамошни средби“, реагираше Дамјан Манчевски од СДСМ.

Пред да се сретнат лидерите на власта и опозицијата денеска претпладне, спикерот Велјановски ќе го информира претседателот на Државната изборна комисија, Новаковски, дека ќе ги распише претседателските и локалните избори. Од ДИК ќе зависи кога ќе упати покана до меѓународната заедница, пред се’ до ОБСЕ, да се следат и претстојните избори во Македонија.

Експертите ја објаснуваат технологијата како се следат изборите и што преземаат и се фокусираат да оценат, меѓународните мисии пред се’ набљудувачите на ОБСЕ: „Првиот аспект е за тоа како поминале изборите, значи дали имало или немало инциденти и колку тие инциденти ескалирале итн. Вториот аспект е доколку инцидентите ескалирале, дали државата го направила она што е потребно за да бидат спречени и коригирани“, кажа Ненад Марковиќ, аналитичар од Институтот за демократија.

Реклама