Лига на шампиони: „Хала Мадрид“ и „Форца Јуве“ | Панорама | DW | 03.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Лига на шампиони: „Хала Мадрид“ и „Форца Јуве“

Кому ќе му припадне пехарот? Реал Мадрид и Јувентус вечерва играат во финалето на Лигата на шампиони. Првите се надеваат на одбрана на титулата, вторите на „трипл“.

Навивачите на двата големи клуба се надеваат дека ќе слават освојување на фудбалската круна. Тие во Кардиф почнаа да се собираат од вчера и имаат големи очекувања.

„Треба да победиме, нема друго. Трофејот мора да дојде повторно во Шпанија, кај Реал Мадрид“, вели Хозе Пикало, а Ману Балестерос додава:

„Очекуваме голем натпревар и победа на Реал Мадрид, затоа што сме негови фанови. Но, пред сѐ очекуваме голема игра и голем трофеј за Реал Мадрид.“

Проценката на Алдо Веронели од Милано, пак, гласи: „Ќе биде тешко за Јуве, Реал е силен, многу силен. Но,никогаш не се знае. Напред Јуве!“

Гледај видео 01:09

Кој ќе биде подобар?

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама