Лига Купот на Германија за Баерн Минхен | Теми | DW | 29.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лига Купот на Германија за Баерн Минхен

Во слаб финален натпревар против вицешампионот на Германија од минатата година , Шалке 04, фудбалерите на Баерн од Минхен победија со 1:0

default

Првиот трофеј оваа сезона оди во рацете на баварците благодарејќи на голгетерскиот инстинкт на Мирослав Клозе . Во тешкиот дуел за престиж во кој беше добро чуван , реперзентатицецот искористи мала грешка и недоразбирање во одбраната на Шалке и по половина час го доведе Баерн во водство . Овој прв гол на официјален натпревар на Клозе откако пристапи во редовите Баварците , беше доволен за победа . Шалке имено ретко создаваше опасни шанси . најголемата ја имаше репрезентативниот напаѓач Кевин Курањеи но голманот на Баерн Оливер Кан беше поуспешен во дуелот :

„ Баерн добро играше во одбраната , и ние не можевме да направиме многу шанси. Мислам дека тоа беше изедначен натпревар со малку белескави моменти на двете страни“ – изјави по средбата играчот на Шалке Фабиен Ернст .

Баерн имаше две посериозни шанди за гол преку Хамит Алтинтоп кој играше против своите довчерашни соиграчи од Гелзенкирхен и преку Филип Лам во последната минута . Сепак и ниската победа значи многу за Баварците- истакна по средбата уште еден новодојденец во баерн , репрезентативниот бек Марсел Јансен:

„Многу се радуваме , бидејќи сега се знае , зошто беа сите патувања и тешки тренинзи за време на подготвителниот периот . Мислам дека ова е и добар знак , го покажува тимскиот дух , како и дека можеме да компензираме многу недостатоци“