Либра- (интер)национален безбедносен проблем? | Економија | DW | 18.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Либра- (интер)национален безбедносен проблем?

Планираната дигитална валута на Фејсбук- Либра се соочува со силен отпор, не само од владата и надзорните органи во сопствената земја-САД. Сега и Г7 отвора фронт против криптовалутата.

Планиранита Фејсбук дигитална валута Либра се соочува со силен отпор, меѓу другото и од владата и надзорните органи во матичната земја. Американската влада е загрижена дека криптовалутата може да се злоупотреби за нелегални бизниси како перење пари, трговија со луѓе и финансирање на тероризам. Тоа е задршка што се однесува и на веќе постоечки криптовалути. Американскиот државен секретар за финансии, Стивен Мнучин, вели дека во однос на Либра „тоа де факто е национален безбедносен проблем".
Секретаријатот за финансии на Фејсбук исто како и на другите понудувачи на финансиски услуги му појаснило дека мора да ги применуваат истите мерки за борба против перење пари како и други компании. Во тој контекст Фејсбук со Либра бил „многу далеку" од добивање зелено светло од властите. Претходно и првиот човек на Американската централна банка Жером Пауел се изјасни дека кај Либра имал задршки во однос на приватната сфера на корисниците, перењето пари, заштитата на потрошувачите и стабилноста на финансискиот систем. Тој пак влегува в игра заради можното распространување на Либра, со оглед на тоа дека Фејсбук брои околу 2,5 милијарди корисници.

„Дестабилизирачки ефект"

Планот предвидува Либра да се воведе како т.н. stable coin, односно стабилна валута што значидека таа ќе биде врзана на вистински валути како доларот или еврото и 1:1 ќе може да биде заменета за нив. Така Либра има 'покритие' преку реална валута. Но, постои веројатноста дека таквото покритие кое придонесува за стабилноста нема да може долго да се одржи. „Аспектот на создавањето пари е дестабилизирачкиот ефект", вели Хендрик Лебер, менаџер на фондови при компанијата Акатис. „Денес Либра е стабилна со 100 постотен депозит, но логично е дека некогаш ќе дојде точката кога ќе се рече, сега намалувам на 50 проценти и тогаш настанува моќен механизам за создавање кредити."

Повеќе:

-Европа против криптовалутата на Фејсбук

-Биткоин 2018 – по високиот лет следеше сртмоглав пад

-Десет години биткоин - кој ја создаде криптовалутата?


Во класичниот финансиски систем банките имаат монопол над таквиот механизам. Тие може да даваат кредити кои само во дел се покриени со парични резерви. Така банките фактички создаваат пари. И Доналд Трамп минатата недела твитна дека за издавачите на криптовалути мора да се воведат банкарски лиценци, па така компаниите како Фејсбук кои сакаат да се активираат и во банкарските бизниси ќе мора да ги почитуваат специјалните правила исто како и банките.

Тема за министрите на Г7

Темата на меѓународно ниво веќе се дискутира во највисоки  политички кругови. Имено на средбата на министрите за финансии на групата на седум големи индустриски земји- Г7 во Франција изразени се бројни задршки во однос на криптовалутата. Голема скепса има меѓу другото и во однос на безбедноста на податоците и на демократската контрола, брифираше по средбата германскиот министер за финансии Олаф Шолц.
Но, најголемите задршки сигурно не се само кај регулаторите и надзорните органи, туку пред сѐ кај банките.„Гледам дека сите поголеми понудувачи на социјални медиуми како Амазон, Алибаба или Гугл во следните години ќе воведат таква некоја крипто валута, како основа за интензивни релации со клиентите", вели Хендрик Лебер. „Човек се прашува: каде се тука воопшто банките во играта?"

Погребување на банките

Фејсбук при презентацијата на проектот Либра како пример наведе дека во суштина луѓето од целиот свет би можеле да си испраќаат пари со ниски трошоци, што ќе им овозможи пред се на луѓето од посиромашните земји да се поврзат со финансиските системи. До сега ваков меѓунаороден трансфер на пари беше можен само преку банките, штедилници и сл. за што наплаќаа големи провизии. Дополнително со Либра треба да може да се плаќа и при онлајн купување. Трансфери од една сметка на друга, што во досегашниот финансиски ситем се возможни само преку банка за што се плаќаа високи провизии, сега би биле излишни.

Членот на одборот на Народната банка на Германија, Буркард Балц во интервју за Берзанскиот весник, има повеќе прашања за Либра отколку одговори. Либра е во позиција на силен напаѓач и може останатите конкуренти да ги измести или ослаби. „Нас не интересира што би значело ова за конвенционалните платежни системи и за банките ако во иднина плаќањата и финансиските трансфери би се правеле преку други канали. Во крајна линија банките и штедилниците до сега остваруваа значителни приходи од трансакциските провизии."

Тие се во опасност од Либра доколку валутата стане функционална и се користи масовно. Очигледно е дека Либра е релевантна за финансиската стабилност и на еден друг начин: таа може да ги дозакопа проблематичните банки, чиј банкрот може да доведе до ланчана реакција во финансискиот систем.

 

DW.COM

Реклама