Ле Пен го „украла“ изборниот говор од Фијон? | Свет | DW | 02.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ле Пен го „украла“ изборниот говор од Фијон?

Десничарско-популистичката француска претседателска кандидатка Марин Ле Пен во говор на 1 мај користела повеќе пасуси од обраќање на Франсоа Фијон. Плагијат? Нејзиниот изборен штаб се обидува да ја минимизира работата.

Во Франција сѐ погласни се обвинувањата за плагијат по одржаниот првомајски говор на претседателската кандидатка Марин Ле Пен. На интернет „врнат“ критики на адреса на кандидатката на Националниот фронт за претседател на државата, дека при изборниот настап на Први мај користела цели извадоци од говор, кој во првата изборна рунда го одржал, од изборната трка отпаднатиот конзервативен претседателски кандидат, Франсоа Фијон. Шефот на изборниот штаб на Ле Пен, Давид Рахлин за весникот „Либерасион“ негираше дека говорот бил плагијат, тврдејќи дека Ле Пен намерно „позајмила“ пасуси од Фијон, сакајќи да истакне дека е кандидат кој ги обединува луѓето. Слична изјава даде и заменик-претседателот на Националниот фронт, Флоријан Филипо: Ле Пен со „намигнување“ свесно се навратила на говорот на Фијон, со цел да предизвика дебата околу францускиот идентитет, и нема што да ѝ се префрли.

Во вчерашниот говор на Ле Пен има најмалку четири пасуси, кои се речиси идентични до збор со говорот одржан од Франсоа Фијон на 15 април, а се однесуваат на големото значење на Франција во поглед на нејзината географија, јазикот и евентуалниот посебен пат по кој би тргнала земјата во 21. век. Деснопопулистичката кандидатка следниот викенд учествува во вториот круг од претседателските избори против проевропскиот реформски ориентиран политичар Емануел Макрон.Според истражувањата на јавното мислење, Ле Пен значително заостанува зад својот партиски независен конкурент, кому се предвидуваат 60 проценти од гласовите.

 

DW.COM

Реклама